„Панада“ е приватна професионална установа за нега и грижа на изнемоштени, стари и болни лица. Лоцирана на само 20 минути од центарот на Скопје, во викенд населбата Орешани. Во прекрасна и зелена средина, недалеку од реката Вардар. Изолирана од градската ПАНАДА ГО ПРОДОЛЖУВА ВАШИОТ ЖИВОТ
„Панада“ е приватна професионална установа за нега и грижа на изнемоштени, стари и болни лица. Лоцирана на само 20 минути од центарот на Скопје, во викенд населбата Орешани. Во прекрасна и зелена средина, недалеку од реката Вардар. Изолирана од градската врева и загаденост.
Објектот е на неколку нивоа, со многу природна светлина во внатрешноста. Сместен на површина од 2510 m2. Вкупната квадратура на установата изнесува 600 m2 и канцеларијата со магацински простор од 180 m2
За вас или вашите најблиски изнемоштени, болни и стари лица овозможуваме 24 часовна медицинска нега и грижа, со тим составен од искусни медицински сестри, геренто-домаќинки и физиотерапевти, кои со широка насмевка ќе ви помогнат во секој момент. Лекар секогаш на повик, од која специјалност и да е потребна, кој се грижи и труди вашето здравје комплетно да се подобри.
Во употреба е и најсовремена апаратура за физикална терапија која придонесува опоравување од безброј болести и состојби. Физиотерапевтот со мануелните масажи, активните и пасивните вежби, масажите со електрични масажери, вертикализацијата, разодувањето и раздвижувањето со сите видови помагала па се до постабилно движење, ќе ви овозможи да се чувствувате многу години помлади, посреќни и позадоволни.
Персоналот во Панада се состои од медицински сестри, геренто-домаќинки , готвачи, помошничкии готвачки, перачки, хигиеничарки и физиотерапевт. Бројот на вработени во една смена е соодветен на законски пропишаниот услов.
Медицинската сестра е тука 24 часа и се грижи за доставување на клиентите секаков тип терапија што е по налог на лекар, како: инфузиона, таблетарна, ампуларна, преврски и слично. Негувателките т.е геренто – домаќинките се исто така 24 часа. Тие се грижат за комплетна нега на клиентите. Ги хранат тие што не можат да се хранат, ги бањаат тие што не можат да се бањаат, менување пелени и чистење катетер на тие што се во таква состојба, бричење, шишање, фарбање и фризури, депилирање, комплетна нега и хигиена, како и помош при влегување, движење и слично.
Клиентите во Панада добиваат 5 оброци т. Е. 3 главни оброци и 2 ужини во текот на денот. Ручекот е хотелски систем т.е. содржи супа, салата, манџа и месо, десерт и овошје. Ако клиентот е поизнемоштен, интернистката го прави менито да соодветствува со здравствената состојба на клиентот, во тој случај се готви посебно за тој клиент. Панада се труди да им обезбеди на клиентите што подобар избор на домашно зготвена храна од македонската кујна, се приготвуваат зимници како и компот, слатко, мармалад, од сезонското овошје. На клиентите храната им се служи и во собите доколку не сакаат или не можат да престојуваат во дневниот престој. Оваа услуга им е достапна на клиентите 24 часа.
Панада располага со два современи компјутери од италијанско потекло за физикална медицина и рехабилитација. Едниот е магнетна терапија, а другиот е сите видови електро терапија. Воведовме и светлосна терапија (ИЦ и УВ). Искусен физиотерапевт ги прави мануелните масажи, кои се медицински и релаксациони, како и масажи со електрични масажери.
Активни и пасивни вежби, вертикализација, раздвижување, разодување со разни помагала до самостојно проодување со комплетни вежби за зајакнување на мускулатурата, е само дел од она што ќе ви помогне да зајакнете и да ви се врати самодовербата.
Третираме: спондилоза, спондилоартроза, дископатии, лумбоишијалгија, артроза на зглобови, остеопороза, ревматски заболувања, парези и парализи на нерви, скршеници на коски (замена на колкови) и слично.
Во склоп на домот за нега и грижа Панада, во 2006-та година е изградена и функционира амбулантата Панада Медикал. Панада Медикал е приватна здравствена установа која работи по принцип матичен лекар кој е на располагање на сите клиенти на Панада, како и на месното население. Припремена е со ЕКГ, апарат за мерење на шеќер во крвта, притисок, комплетен сет за обработка на декубити, инхалатор, аспиратор, ламби за декубити, како и инфрацрвена ламба, помагало за клистирање, кислородни боци, апарати за вежбање и слично. Во Панада Медикал имаат визита и интернист, кардиолог специјалист како и невропсихијатар во одредени термини од неделата.
Со цел да им излеземе во пресрет на нашите клиенти и нивните најблиски од 2009-та година Панада располага со транспортно возило за превоз на изнемоштени стари лица во лежечка состојба. Возилото е на располагање 24 часа на ден секој ден во неделата. Се што треба е да не контактирате и нашата стручна екипа во најкусо можно време ќе го изврши превозот од вашиот дом, болница или било кое друго место до Панада.
Стотици луѓе од Македонија секоја година доаѓаат во фаза во која е очигледно дека треба да се преселат во дом за стари лица. Како за нив така и за нивните најблиски ова е тежок процес. Ние во Панада ја разбираме Вашата ситуација. Знаеме како се чувствувате. Го водиме овој дом со љубов спрема работата и им пружаме искрена грижа на постарите лица. Често споменуваме дека нашите клиенти не се сместени во дом туку ние работиме за нив исто како во нивните домови. Кога тие се тука со нас, тие се нашата фамилија. Зошто Панада? Затоа што искуството е од неизмерна важност за ваков тип на установа а ние нудиме неизмерна грижа и љубов кон постарите лица веќе 20 години.