3DLoom

Directions Website Contact the practice

3DLoom Специјализирана компанија за 3D печатење на медицински помагала кои ја подобруваат грижата за пациентите и образованието од областа на медицината.

Нашата напредна технологија создава персонализирани ортози, прецизни хируршки водичи и детално 3D печатење

30/10/2026

3D-печатењето веќе е дел од модерната хирургија. 🫀

29/10/2026

Минатата недела, нашите 3D-печатени анатомски модели беа во центарот на практичната (hands-on) сесија на работилницата „Базични принципи во ендоскопската синус хирургија“ во Скопје.

Работилницата беше организирана од ОРЛ одделот при ГОБ „8-ми Септември“, во соработка со Здружението на оториноларинголози.

Нашиот коосновач, д-р Stefan Arsenkov, исто така одржа предавање за 3D-печатените модели и нивната имплементација во хирургијата на глава и врат.

Хирурзите имаа можност да вежбаат на моделите со вистински инструменти, но без вистински пациент. 🔧

Сакаме да им се заблагодариме на организаторите и на сите што учествуваа.

Ако сте заинтересирани да дознаете како 3D-печатените модели можат да бидат дел од обуката на хирурзите, контактирајте нè во порака или на [email protected]

📣Стигнавме до 100 МОДЕЛИ!Со гордост споделуваме важен момент во приказната на 3DLoom - достигнувањето на бројката од 100...
19/10/2026

📣Стигнавме до 100 МОДЕЛИ!

Со гордост споделуваме важен момент во приказната на 3DLoom - достигнувањето на бројката од 100 изработени персонализирани 3D анатомски модели! 🏆

Нашиот јубилеен, стоти модел е наменет за хирургија на панкреас, а патот дотука нè одведе буквално од глава до пети!

Од неврохирургија и оториноларингологија, преку кардиохирургија, абдоминална хирургија и урологија, до трауматологија, ортопедија и комплексни скршеници на петната коска.🧠

Нашата технологија наоѓа примена и во ветеринарната медицина, каде учествувавме во неколку важни истражувачки проекти.🐾

Нашите модели се користат за предоперативно планирање, визуелизација на комплексни анатомски структури, но и како основа за изработка на персонализирани импланти и хируршки инструменти.

Овие 100 модели се важна пресвртница за нас, но вистинската вредност е во секоја операција за која сме помогнале во подготовката.

Благодарност до сите хирурзи, медицински професионалци и партнери кои ни ја дадоа својата доверба и се дел од ова патување.

Продолжуваме да ја обликуваме иднината на хирургијата, модел по модел.🚀

13/10/2026

Преку 3Д-печатењето, снимката од компјутерска томографија станува модел што може да се допре и да се проучи пред операцијата.

Истиот носи придобивки и за пациентите и за хирурзите, како на пример:

✅ Попрецизно планирање: хирургот го гледа органот, крвните садови и сè останато од секој агол
✅ Побезбедна операција: помала неизвесност и подготвеност за предизвиците однапред
✅ Подобра комуникација: пациентот има подобар увид во целата процедура која што следува

Дознајте повеќе на https://3dloom.ing/

🦴 3DLoom на работилница за ендоскопска синус хирургија! Горди сме што нашите 3D-печатени анатомски модели ќе бидат во це...
08/10/2026

🦴 3DLoom на работилница за ендоскопска синус хирургија!

Горди сме што нашите 3D-печатени анатомски модели ќе бидат во центарот на практичната (hands-on) сесија на работилницата „Базични принципи во ендоскопската синус хирургија", во организација на ОРЛ одделот при ГОБ „8-ми Септември" во соработка со Здружението на оториноларинголози.

📅 *16–17 октомври 2026
📍 ГОБ „8-ми Септември", Скопје*

Нашиот коосновач, д-р Стефан Арсенков, ќе одржи предавање за „3D-печатени модели и нивна имплементација во хирургијата на глава и врат".

👉 Настанот е акредитиран од Лекарска Комора.
📞 Пријавување: д-р Ирена Михајловска-Шулевска, 070-345-980

#Скопје

Анатомијата не се учи само со читање, туку и со ракување.💡Ниту еден атлас не ја покажува тежината, формата и деталите на...
02/10/2026

Анатомијата не се учи само со читање, туку и со ракување.💡

Ниту еден атлас не ја покажува тежината, формата и деталите на вистинска коска. 🦴

Затоа, најдобро се учи со коска в рака.

3DLoom нуди 3D испечатени модели на човечки коски во реална големина, направени за студентите по медицина.

Безбедни, практични и достапни за дел од цената на останатите алтернативи.

Порачај пред да почне учењето ⬇️

3DLoom на Society for Robotic Surgery – Годишно собрание 2026 во Флорида, САД.🏥Од 23 до 26 јули учествувавме на годишнот...
02/09/2026

3DLoom на Society for Robotic Surgery – Годишно собрание 2026 во Флорида, САД.🏥

Од 23 до 26 јули учествувавме на годишното собрание на Society for Robotic Surgery во Холивуд, Флорида – настан кој оваа година беше најголем досега, со над 3.500 учесници од целиот свет.

Собранието претставуваше вистинско „who's who“ на здравствената индустрија со претставници од дури 70 земји.

Меѓу учесниците имаше хирурзи, здравствени работници, медицински сестри, болнички администратори, биомедицински инженери, производители на медицинска опрема, истражувачи, како и претставници на инвестициски фондови.👥

На преку повеќе од 55 панели, сесии и дискусии, водечките гласови во роботската хирургија и телехирургијата ги презентираа најновите достигнувања во:

✅ роботската хирургија
✅ вештачката интелигенција во медицината
✅ телемедицината и телехирургијата
✅ хуманоидни и медицински роботи
✅ дигиталната хирургија
✅ најновите научни откритија во хирургијата

Огромна чест ни беше што на настанот бевме поканети од страна на д-р Сем Атала (MD, FACS, FASCRS), професор по хирургија на University of Central Florida.

На наша голема чест и задоволство, тема на новиот бројот на Vox Medici е „Моќта на 3Д-печатењето во персонализираната ме...
06/07/2026

На наша голема чест и задоволство, тема на новиот бројот на Vox Medici е „Моќта на 3Д-печатењето во персонализираната медицина“.

На истата, покрај нашиот коосновач д-р.Стефан Арсенков, свој осврт дадоа и нашите соработници д-р Миќун Миќуновиќ, д-р Valon Saliu и д-р Goran Spirov.

Овој текст во официјалното гласило на Лекарската Комора на Македонија претставува важен чекор за имплементирањето на една од технологиите со најголем потенцијал за медицината кај нас.

📌 НОВ БРОЈ НА VOX MEDICI!

Во новиот број на Vox Medici може да прочитате повеќе содржини меѓу кои:

🔹️Тема на бројот: Моќта на 3Д-печатењето во персонализираната медицина
🔹️Македонско здравство: Универзитетската клиника за онкологија воведе стереотактична радиотерапија за прецизно лекување тумори
🔹️Стручен форум: Предупредување за праксата на лекарите од ПЗЗ: Зошто мора да се рекалибрира клиничкото сомневање за рак во рана фаза
🔹️Докторите низ уметноста: Разговор со спец. д-р Ѓорги Паскалов: Медицината и музиката - симбиоза за лекување на душата и на телото
🔹️Комората одбележа 34 години од основањето: Столб на професионализмот, медицинската етика и континуираниот развој на лекарската дејност
🔹️Лекарската комора стана полноправен член на Европскиот совет на лекарски комори

🔗Електронското издание на весникот е достапно на овој линк https://shorturl.at/0E9Qc

📍Каде да го најдете вашиот печатен примерок?

Печатеното издание на весникот Vox Medici се дистрибуира до клиниките, институтите, клиничките болници, општите и специјализирани болници и здравствени домови, како и до поголемите приватни здравствени установи.
Дистрибуцијата на весниците за докторите од примарната здравствена заштита и помалите приватни специјалистички ординации е регионална, организирана според општинските одбори, преку координаторите на ЗПЛРМ. Список по градови и здравствени установи од каде овие лекари може да подигнат весник е достапен на линкот https://shorturl.at/m9QJS

Примероци на Vox Medici се достапни и во просториите на Лекарската комора.

Благодарност до umno.mk
17/03/2026

Благодарност до umno.mk

Успешно е завршена изработката и имплантација на целосно персонализиран 3Д-изработен назален имплант кај пациент кој го изгубил носот поради малигна болест, соопш...

📣За првпат во Македонија и регионот (а можеби и во светот)!📣На крајот на месец август и почетокот на месец септември 202...
11/03/2026

📣За првпат во Македонија и регионот (а можеби и во светот)!📣

На крајот на месец август и почетокот на месец септември 2025 година, 3DLoom започна еден многу голем предизвик заедно со професор Софија Пејкова од Универзитетската клиника за пластична хирургија, впуштајќи се во нешто целосно непознато – креирање на 3Д испечатен имплант за пациент кој го има изгубено носот поради малигна болест.

Велиме дека тоа беше непознато за нас затоа што, според нашите сознанија, никаде во светот досега не е опишано решение за креирање на ваков имплант кој би бил обложен со кожа, а притоа да биде целосно персонализиран за конкретниот пациент. Познати се многу опции за реконструкција на носот – со протези или со користење на постоечки ткива кај пациентот. Понекогаш се користи ’рскавица од уво или ребро, па се моделира за да се добие соодветна форма. Но, искрено и реално, резултатите од овие процедури често се, во најмала рака, незадоволителни – и од естетски и од функционален аспект. Исто така, обично се потребни повеќе интервенции во животот за да се добие задоволителниот изглед. Уникатноста во овој пристап е во комбинацијата на користење на forehead flap со персонализиран имплант изработен со помош на 3Д печатење. Ваков пристап досега не е објавен во научната литература, па затоа веруваме дека може да е прв во светот.

Затоа решивме да се зафатиме со нов предизвик и да креираме решение што би било што е можно поблиску до природната функција и изглед на носот кај пациентот.

Процесот започна со детално разгледување на снимките од пациентот, кај кого претходно беше изведена операција за отстранување на малиген тумор на кожата на носот. За да се постигне максимален онколошки ефект, беше неопходно да се отстрани целиот нос со сите ’рскавични структури.

Ги анализиравме снимките направени пред операцијата и ги споредивме со постоперативните снимки. Врз основа на тоа започнавме со креирање на дизајн на имплантот. Тоа само по себе беше предизвик, но сепак не толку голем како сè што следеше понатаму. Требаше да создадеме форма и големина на нос што ќе одговара на претходниот изглед на пациентот, имајќи предвид дека секој нос е уникатен и дека постојат огромни разлики во формата и пропорциите кај различни луѓе.

Откако бевме задоволни со почетниот дизајн на имплантот, следеше уште поголем предизвик – како тој дизајн да се претвори во реален имплант кој може безбедно да се вгради кај пациентот. Потребно беше да се избере материјал кој е безбеден, докажан во медицинската практика, но и доволно прилагодлив за да може да се моделира во прецизната форма што ни беше потребна.

Врз основа на нашето претходно искуство, решивме да работиме со полиметилметакрилат, односно таканаречен коскен цемент. Овој материјал со децении се користи во медицината токму поради својата биокомпатибилност и механички својства. Сепак, постоеше значаен технички предизвик: материјалот првично е во течна состојба, а потоа се стврднува и добива цврстина слична на човечката коска. Тој не може директно да се користи во 3D принтер.

Нашето претходно искуство покажа дека добри резултати може да се постигнат со креирање на калапи во кои се истура материјалот, по што се добива посакуваната форма. Но, геометријата на носот – особено со формирањето на септумот, односно преградата помеѓу двете носници – е исклучително комплексна. Тоа бараше многу креативен и иновативен пристап.

Првично изработивме повеќе различни варијанти на калапи кои не беа соодветни. Потоа пристапивме кон проблемот од друг агол – ги модифициравме пристапите, материјалите, формите и геометријата. По бројни мали корекции и потребни подесувања, постепено дојдовме до решение.

Во јануари 2026 година го изработивме конечниот имплант за нос, кој служеше како подлога врз која подоцна требаше да се формира кожната обвивка кај самиот пациент, преку креирање на таканаречен кожен флап.

На 9 февруари 2026 година беше изведена операцијата. Професор Софија Пејкова изработи forehead flap – односно зема дел од кожата од челото на пациентот. Имплантот кој беше поставен кај пациентот беше обложен со кожа однатре со автотрансплантат, а потоа беше обвиткан со овој кожен флап од челото. По неговото фиксирање и шиење, веднаш се доби форма на носот.
Резултатите беа одлични уште во раната фаза. Сепак, за да се постигне целосен ефект, беше потребно да се почека околу четири недели за флапот да воспостави сопствено крвоснабдување од околното ткиво. По тој период се изведе втора интервенција, на 9 март, при што беше отсечена кожната петелка преку која флапот првично беше поврзан со челото.

Со големо задоволство можеме да кажеме дека операцијата помина успешно и дека резултатите се одлични. Но она што навистина го прави ова неколкумесечно патување вредно е нешто што можеби звучи како клише, но воопшто не е – задоволството на самиот пациент. Тој изрази големо задоволство од исходот и самиот кажа дека сè што е вградено го чувствува како свое, а не како страно тело.

Овој случај е уште еден доказ дека напредната технологија во комбинација со врвната медицинска експертиза може значително да го подобри исходот за пациентите.

Операција беше изведена од тим составен од Проф. Софија Пејкова, Асс. Д-р Катерина Јовановска, Асс.д-р Стефаниа Азманова Младеновска, Д-р Софија Тушева, д-р. Анда Касапи, д-р Муамет Мемети, д-р Немања Ранковиќ, д-р Глорија Ѓоргова и д-р Стефан Арсенков.

Address

Ivan Agovski 13/2/24
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when 3DLoom posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to 3DLoom:

Shortcuts

Share