Промедика Поликлиника

Промедика Поликлиника Почитувај го своето здравје!

Промедика Медикал Центар е приватна поликлиника која Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент.

Промедика Медикал Центар го сочинуваат тим стручни лица спремни со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижат за вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата медицина и препораките на СЗО.

Приемот на пациенти се извршува во современо опремен и топол амбиент во кој ќе се чувствувате пријатно добредојдени во секое време.

Во нашата установа работат стручњаци од различни медицински области кои со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија.

Работно време:
понеделник-петок: 07:30-20:00
сабота: 09:00-14:00 (оддел за физикална медицина и рехабилитација)

18/08/2026

🤔 Д-р Викторија одговара на прашањето: кои се најпотценети третмани во естетската медицина?

Распоред на Докторките од општа медицина и педијатрија.
16/08/2026

Распоред на Докторките од општа медицина и педијатрија.

10/08/2026

👉 Во Промедика Поликлиника, единствено во Македонија, е достапна MBST терапијата – неинвазивна терапија базирана на технологија на магнетна резонанца, чија цел е да ги стимулира природните процеси на регенерација на оштетените ткива.

MBST може да се применува како дел од третманот и рехабилитацијата кај одредени спортски повреди на мускули, тетиви, лигаменти, зглобови и коски.

Со правилна дијагноза и индивидуално испланиран пристап, терапијата има за цел да придонесе кон намалување на болката, подобрување на функцијата и постепено враќање кон секојдневните и спортските активности.

Секој третман се спроведува по проценка од доктор и според индивидуалните потреби на пациентот.

📞 Дознајте повеќе на бесплатната телефонска линија 0800 301 30.

Распоред на доктори од ошта медицина и педијатрија - 04.08 - 08.08
04/08/2026

Распоред на доктори од ошта медицина и педијатрија - 04.08 - 08.08

Распоред на доктори во општа медицина и педијатрија: 27.07 - 31.07.
26/07/2026

Распоред на доктори во општа медицина и педијатрија: 27.07 - 31.07.

25/07/2026

👩‍⚕️Д-р Александра Мрмевска, спец. по физикална медицина и рехабилитација
👉Болката не треба да стане дел од вашето секојдневие.

Физијатрискиот преглед е важен чекор во откривањето на причината за болката, ограниченото движење или намалената функционалност. Преку детална проценка на мускулно-скелетниот систем, лекарот физијатар креира индивидуален план за третман, рехабилитација и превенција на понатамошни компликации.

Навремената реакција може да значи побрзо закрепнување, подобра подвижност и полесно враќање на секојдневните активности.

Не ја игнорирајте болката - откријте ја нејзината причина. Закажете го Вашиот термин на бесплатната телефонска линија 0800 301 30.

24/07/2026

Со задоволство ви ја претставуваме д-р Викторија Ончева, нов член на тимот од Одделот за естетска медицина во Промедика Поликлиника.

Со индивидуален пристап, внимание кон деталите и фокус на природни резултати, д-р Викторија ќе биде посветена на третмани што ја нагласуваат вашата убавина, без да ја менуваат вашата препознатливост.

Добредојде во тимот, д-р Викторија! 🤍

Неделен распоред за Докторките од Општа Медицина и Педијатрија — од 20.07 до 24.07 👩‍⚕️
20/07/2026

Неделен распоред за Докторките од Општа Медицина и Педијатрија — од 20.07 до 24.07 👩‍⚕️

✨Твојата нова насмевка може да започне токму тука.Подаруваме целосно освежување на насмевката:🦷 Професионално белеење на...
13/07/2026

✨Твојата нова насмевка може да започне токму тука.

Подаруваме целосно освежување на насмевката:

🦷 Професионално белеење на заби
💋 1 ml филер за усни

За да учествуваш:

1. Следи ги Facebook профилите на WHITE by Promedika Group и Промедика Поликлиника
2. Лајкни ја Giveaway објавата
3. Во коментар означи пријател

Можеш да учествуваш повеќе пати, со означување различни пријатели во секој коментар.

Giveaway трае до 24.07.2026 и добитникот ќе биде објавен на истиот датум.

Учеството е дозволено за лица над 18 години. Третманите се реализираат по претходна стручна консултација и проценка од доктор.

Address

Кирил и Методиј 50
Skopje
1106

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Промедика Поликлиника posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Промедика Поликлиника:

Shortcuts

Share

Category