Re-Medika general hospital

Re-Medika general hospital РеМедика - Прва приватна општа болница

Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија. Основана е на 7 април 2005 година, по светски стандарди, за прв пат имплементирани во една општа болница на нашите простори. Со поставувањето на темелите за светски стандарди и протоколи за здравство болницата доби награда за најдобра инвестиција во Југоисточна Европа
Денеска Ре-Медика е современа и модерна приватна болница, во кој

а врвниот медицински тим пружа медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Ре-Медика е и установа во која се одвива и едукација на медицински кадар во рамките на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Болничкиот објект е лоциран во мирниот дел на Скопје, во подножјето на парк-шумата Гази Баба, на три километри од центарот на главниот град.

• Капацитет
Се простира на површина од 5.200 квадратни метри.
Ре-Медика располага со 56 болнички кревети, бројни ординации, 6 операциони сали по најсовремени стандарди, со дигитален пренос на податоци, можност за телемедицина, опрема за снимање на операциите, како и одделение за интензивна нега со 10 кревети

• Болничко сместување
Сместувањето е избор на нашите пациенти. Сите соби овозможуваат комодитет, дискреција, релаксирачка атмосфера, високи стандарди на уредување и хигиена, телевизија и интернет.
Пациентите на располагање имаат и 15 луксузни апартмани.
Хоспитализираните пациенти имаат можност за избор на храна по разновидно мени, соодветно на нивните потреби.

• Врвен медициниски тим
Тимот во болницата е стручен и со напредни вештини во третманот и дијагностицирањето на состојбите, секој во своите области. Неговите членови се пријатни, сочувствителни и со добар однос кон пациентите за време на престојот на одделот и надвор од него.
Ре-Медика има развиен систем на континуираната едукација, а тоа е едно од врвните начела во нашата болница.

• Најсовремена медицинска опрема
Ре-Медика ги следи последните трендови во технолошкиот развој. Располагаме врвна медицинска апаратура од светски познати производители, која овозможува прецизна дијагноза и третман на заболувањата.

🔆Спектар на болести поврзани со топлина  🔸 Топлотни грчеви ▪Болни, неволни мускулни грчеви, обично во нозете или абдомен...
09/07/2026

🔆Спектар на болести поврзани со топлина
🔸 Топлотни грчеви ▪Болни, неволни мускулни грчеви, обично во нозете или абдоменот, поради губење на течности и електролити, особено при напорна активност на висока надворешна температура.
❗Прва помош ▪Поставете го пациентот на студено место. ▪Мускулно растегнување и нежна масажа. ▪Орална рехидратација со раствор кој содржи електролити. ▪Медицинска помош да се побара ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
🔸 Топлотна синкопа ▪Ненадејна вртоглавица или несвестица поради пад на крвниот притисок. Се должи на дехидратација и периферна вазодилатација. Се карактеризира со субјективно чувство на гадење, физички замор, хипотензија, вазомоторен колапс, главоболка, мачнина, слабост, замор.
❗Прва помош: Се третира со одмор, престој во поладна средина како и соодветно хидрирање на телото со доволен внес на течности и електролити.
🔸 Топлотна исцрпеност ▪Потешка реакција на топлина со симптоми како обилно потење, гадење, главоболка, вртоглавица и забрзан пулс, поради исцрпување на телеснати течности и/или на солта, што е резултат на изложеност на висока топлина или исцрпување. Тоа е сериозна состојба што може да се развие во топлотен удар.
🔸 Топлотен удар ▪Се јавува при инсуфициенција на терморегулациониот механизам на организам. Се карактеризира со пореметена функција на нервниот систем, со генерализирана анхидроза односно нарушен е одбрамбениот механизам на потење, со што расте температура на телото над 40,6 Целзиусови степени. Други симптоми се: забрзан пулс, пад на крвниот притисок, гушење, повраќање, губиток на свест. Топлотниот удар е ургентна медицинска состојба која бара стручна медицинска помош - во спротивно може да предизвика траен инвалидитет или смрт .
❗Прва помош: При појава на топлотна исцрпеност и топлотен удар треба да се излади телото со ладна вода или ладни облоги, да се внесат на течности и да се даде соодветна стручна медицинска помош за да се спречат компликации односно оштетување на виталните органи. Доколку е лицето во бесознание се поставува со странична положба, положба за опоравување до доаѓање на итна медицинска помош.
🔸 За заштита:
▪Хидрирајте се постојано.
▪Редовно пијте ладна вода, дури и ако не чувствувате жед.
▪Носете лесна, светла облека.
▪Избегнувајте директна изложеност на сонце.
▪Физичките активности да се извршуваат на отворено во постудените периоди од денот - рано наутро или доцна навечер. Одвојте време за одмор во сенка или климатизирана просторија.
📞02 2603 100 📞072443200

🔸Болестите поврзани со топлина се јавуваат при изложеност на висока температура, при што телото не може соодветно  да се...
08/07/2026

🔸Болестите поврзани со топлина се јавуваат при изложеност на висока температура, при што телото не може соодветно да се излади поради дисрегулација на терморегулаторната способност. Овие состојби може да се манифестираат почнувајки како блага топлотна исцрпеност па се до појава на топлотен удар, кој може да биде животозагрозувачки.
🔸Фактори на ризик за развој на болести поврзани со топлина вклучуваат:
▪Изложеност на високи температури и зголемена влажност на воздухот;
▪Топлотен бран (период од неколку последователни денови (најчесто 3 до 6) кога дневните температури се над долгорочниот просек за тој период од годината;
▪Возраст (постари лица над 65 години и деца под 4 години);
▪Дебелина;
▪Консумирање алкохол;
▪Лекови, вклучувајќи диуретици, антихолинергици, бета или блокатори на калциумови канали, антихистаминици, амфетамини;
▪Хроничните болести, вклучувајќи дијабетес мелитус, инфекции, кожни заболувања и кардиоваскуларни заболувања;
▪Работа на отворено - Поединци кои се занимаваат со напорна физичка работа на отворено или во затворен простор во топли средини.
🔸Раното препознавање на симптомите и превземање на навремени мерки на превенција се клучни за да бидеме безбедени во услови на високи температури.
🔸 Превенција: За заштита во услови на топлотни бранови или денови со високи температури, следете ги овие упатства:
▪Хидрирајте се постојано;
▪Пијте ладна вода редовно, дури и ако не чувствувате жед;
▪Облекувајте се соодветно: Носете лесна, светла и лабава облека;
▪Избегнувајте директна изложеност на сонце;
▪Физичките активности да се извршуваат на отворено во поладните периоди од денот, како што се рано наутро или доцна навечер. Правете паузи: Одвојте време за одмор во засенчена или климатизирана просторија.
📞02 2603 100 📞072443200
www.remedika.com.mk
#ремедика

🔸Делириумот при будење од општа анестезија (Emergence delirium) е краткотрајна нарушена состојба на свесност, која се ка...
07/07/2026

🔸Делириумот при будење од општа анестезија (Emergence delirium) е краткотрајна нарушена состојба на свесност, која се карактеризира со конфузија, вознемиреност и неконтролирани движења.
Најчесто се јавува кај деца на возраст од 2 до 7 години и се среќава кај приближно 10–30% од пациентите.
🔸Како се манифестира?
▪ детето не воспоставува контакт со околината
▪ не ги препознава родителите
▪ има интензивен плач и неутешност
▪ се јавуваат неконтролирани движења и вознемиреност.
🔸Зошто се случува?
▪️Точниот механизам не е целосно разјаснет, но се смета дека различни делови од мозокот се „будат“ со различна брзина.
За ризик фактори се смета возраста (предшколска), предоперативна анксиозност (кај детето и родителите), типот на хирургија (особено ОРЛ процедури), инхалациона анестезија и постоперативна болка.
🔸Превенцијата е клучна стратегија. Така ризикот се намалува со:
✔ индивидуален анестезиолошки пристап
✔ избор на соодветна анестезија
✔ добра контрола на болка
✔ намалување на анксиозноста (дистракција, подготовка)
✔ присуство на родител кога е возможно
✔ соодветна медикаментозна анксиолиза.
🔸Важно за родителите
✔ состојбата е честа и привремена
✔ може да изгледа драматично, но е безопасна
✔ не остава долгорочни последици.
🔸Нашиот пристап се сведува на индивидуален анестезиолошки план и техника кај секое дете со кој:
✔ се намалува ризикот од појава на делириум
✔ обезбедување на адекватна контрола на болката
✔ внимателно следење на процесот на будење.
📞02 2603 100 📞072443200
www.remedika.com.mk
#ремедика

🔸Во летните месеци, поради високите температури, зголеменото потење и ризикот од дехидратација, кај дел од пациентите мо...
06/07/2026

🔸Во летните месеци, поради високите температури, зголеменото потење и ризикот од дехидратација, кај дел од пациентите може да дојде до промени во вредностите на крвниот притисок.
🔸Некои пациенти чувствуваат слабост, вртоглавица, замор или имаат пониски вредности на притисок од вообичаено. Кај други, пак, дехидратацијата и топлината можат дополнително да го оптоварат срцето и циркулацијата.
🔸Затоа, важно е терапијата за притисок да не се менува самостојно. Намалување, прекин или промена на дозата треба да се прави само по консултација со кардиолог и врз основа на редовно мерење на притисокот.
🔸Во лето особено е важно:
▪️ редовно да го мерите крвниот притисок
▪️да внесувате доволно течности, според препораката на лекар
▪️да избегнувате изложување на силно сонце и напор во најтоплиот дел од денот
▪️да се јавите на лекар ако имате вртоглавица, изразена слабост, несвестица, болка во градите или големи осцилации на притисокот.
❗Летото не значи автоматска промена на терапијата, но значи поголемо внимание и редовна контрола.
📞02 2603 100 📞072443200
www.remedika.com.mk
#ремедика

🔸Гастроезофагеалниот рефлукс (ГЕР) кај доенчиња претставува честа функционална состојба карактеризирана со ретрограден п...
05/07/2026

🔸Гастроезофагеалниот рефлукс (ГЕР) кај доенчиња претставува честа функционална состојба карактеризирана со ретрограден премин на гастрична содржина во хранопроводот, најчесто поради транзиторна релаксација на долниот езофагеален сфинктер и незрелост на гастроинтестиналниот тракт.
🔸Клинички се манифестира со:
• регургитација (бљуцкање) без билијарна или хеморагична содржина
• уреден општ клинички статус
• нормално напредување во телесна тежина
• отсуство на знаци за системска болест или компликации.
🔸Пристапот е конзервативен и вклучува антирефлукс мерки, адаптација на режим на хранење и следење на раст и развој.
🔸При перзистирачки симптоми – се препорачува дополнителна проценка.
📞02 2603 110 📞072443210
#ремедика

🔸Саркомот е ретка, но агресивна форма на рак која ги зафаќа сврзните ткива, како што се коските, мускулите, масното ткив...
04/07/2026

🔸Саркомот е ретка, но агресивна форма на рак која ги зафаќа сврзните ткива, како што се коските, мускулите, масното ткиво и крвните садови.
Овој месец е потсетник дека навременото препознавање на симптомите, како необјаснета грутка, оток или болка што не поминува, може да направи голема разлика.
Да зборуваме повеќе, да информираме навреме и да дадеме поддршка на пациентите и нивните семејства.

🔸Одложено клемување на папочната врвца е постапка при која, по раѓањето на бебето, веднаш не се пресекува папочната врвц...
03/07/2026

🔸Одложено клемување на папочната врвца е постапка при која, по раѓањето на бебето, веднаш не се пресекува папочната врвца, туку се чека одреден временски период (најчесто од 30 до 60 секунди). Во тој период крвта од постелката продолжува да преминува кон новороденчето, што носи повеќе здравствени придобивки.
🔸Оваа практика денес е препорачана од Светската здравствена организација за повеќето доносени и предвремено родени деца, без разлика дали се родени вагинално или со царски рез, доколку состојбата на мајката и новороденото е стабилна, бидејќи му овозможува на бебето да добие дополнителна количина на крв богата со кислород, железо и матични клетки.
🔸Главни придобивки: подобра кардиореспираторна адаптација на новороденото по раѓање, се зголемуваат резервите на железо во организмот и има помал ризик од анемија во првите месеци од животот, намален ризик од одредени компликации кај предвремено родени деца, подобар невролошки развој.
🔸Одложеното клемување на папочната врвца се смета за безбедна и препорачана практика кај повеќето новороденчиња. Во одредени случаи може да се јави благо зголемување на ризикот од неонатална жолтица поради покачени вредности на билирубин, состојба која најчесто успешно се третира со фототерапија.
Сепак, постојат ситуации во кои одложеното клемување на папочната врвца не е возможно. Тоа се случаи на крварење кај мајката, проблеми со постелката или нејзино предвремено одлепување (абрупција), пролапс на папочната врвца, како и состојби кога новороденчето не дише или има потреба од итна реанимација.
📸На фотографијата е нашата пациентка Тамара Пуже, која за прв пат во прегратка го држи своето дете. Породувањето го водеше д-р Афродита Стомнароска-Јованоски, гинеколог-акушер.
📞02 2603 100 📞072443200
www.remedika.com.mk
#ремедика

🔸Доц. д-р Виолета Јаниќ, супспецијалист гастроентерохепатолог во Ре-Медика, беше дел од престижна меѓународна конференци...
02/07/2026

🔸Доц. д-р Виолета Јаниќ, супспецијалист гастроентерохепатолог во Ре-Медика, беше дел од престижна меѓународна конференција посветена на примената на вештачката интелигенција во ендоскопијата. Конференцијата се одржа под покровителство на Европското здружение за гастроинтестинална ендоскопија (ESGE – European Society of Gastrointestinal Endoscopy) и Вештачка интелигенција за гастроентерологија (AIGI – Artificial Intelligence for Gastroenterology). Вклучуваше и демонстрација на примена на вештачка интелигенција при изведување ендоскопски процедури во реално време на пациенти на Медицинскиот центар Мерус во Љубљана, Словенија.
🔸Примената на вештачката интелигенција во ендоскопијата овозможува попрецизна детекција на патолошки промени, како и подобра предикција на хистолошката дијагноза уште за време на самиот преглед.
🔸Преку континуирана едукација на лекарите и воведување иновативни технологии, Ре-Медика останува посветена на современа, прецизна и квалитетна здравствена грижа за пациентите.
#ремедика

🔸Прим. д-р Јадранка Живковиќ, педијатар-неонатолог во Ре-Медика, присуствуваше на 58. годишна конференција на ESPGHAN – ...
01/07/2026

🔸Прим. д-р Јадранка Живковиќ, педијатар-неонатолог во Ре-Медика, присуствуваше на 58. годишна конференција на ESPGHAN – Европското здружение за детска гастроентерологија, хепатологија и исхрана, што се одржа во Лил, Франција.
🔸Конференцијата на ESPGHAN е една од водечките европски стручни собири посветени на здравјето, исхраната и гастроинтестиналните заболувања кај новороденчиња, деца и адолесценти. На конференцијата се споделуваа најнови научни сознанија, клинички искуства и современи препораки од областа на педијатриската гастроентерологија, хепатологија и исхрана.
🔸Континуираната едукација и следењето на современите медицински препораки се дел од посветеноста на Ре-Медика кон стручна, безбедна и индивидуализирана грижа за најмалите пациенти.
#ремедика

Address

16-ta Makedonska Brigada Br. 18
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Re-Medika general hospital posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Re-Medika general hospital:

Share

Category