ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје Јавна Здравствена Установа Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

Специјалистичко - консултативна и болничка здравствена заштита од областа на гинекологијата и акушерството, образовна дејност, усовршување на здравствените работници и научно истражувачка дејност.

15/09/2026

Во врска со последните пишувања во јавноста од страна на наша пациентка, а со цел изнесување на вистината, ја информираме сета јавност дека ЈЗУ У ГАК ги отфрла сите обвинувања од страна на пациентката. Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за квалитет при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол за што постојат и пишани докази за истото (прегледи, терапија и сл.). И покрај сета пружена грижа, пациентката ја напуштила клиниката на свое барање.
Како институција ја почитуваме сечија приватност, но и интегритетот и начелото на установата.

Со почит,
ЈЗУ У ГАК

Првата прегратка на животот: Малиот Матео го прослави 1. роденден на ОИНТНа Одделот за интензивна нега и терапија  имавм...
11/09/2026

Првата прегратка на животот: Малиот Матео го прослави 1. роденден на ОИНТ

На Одделот за интензивна нега и терапија имавме посебна причина за славење. Малиот Матео, кој пред една година го започна животот како голем борец, се врати каде што започна сè за да го прослави својот прв роденден со тимот кој бдееше над него.

Матео се роди прерано, во 28-та гестациска недела, со тежина од само 1.200 грама. Првите месеци ги помина во инкубатор на ОИНТ, каде секој ден беше борба за секој здив, а медицинскиот персонал му беше втора фамилија и најголема поддршка.

Денес, Матео е силно, здраво и насмеено момче. Неговото доаѓање со роденденска торта донесе прегратки, емоции и солзи радосници кај целиот тим.

За персоналот, да го видат Матео како дигурно чекори низ животот е најголемата награда за сите непроспиени ноќи, а за сите нас – потсетник дека најмалите борци носат најголеми победи.

Среќен 1. роденден, мал херој!

Денес е ден за солзи радосници, за длабока воздишка и за прослава на најголемата животна победа. По цели 82 дена поминат...
03/09/2026

Денес е ден за солзи радосници, за длабока воздишка и за прослава на најголемата животна победа. По цели 82 дена поминати на одделот за интензивна нега (ОИНТ), нашето мало, а толку големо чудо — малата Бисера, конечно го прави својот најважен чекор и заминува дома, во прегратките на своите родители каде што и е местото.
Бисера се роди во 27 г.н со телесна тежина од 960гр.

Почитувани,изминатиот викенд на нашата клиника беше гласно и радосно🤗Се родија 32 новороденчиња😇 На среќните  родители👫 ...
25/08/2026

Почитувани,
изминатиот викенд на нашата клиника беше гласно и радосно🤗Се родија 32 новороденчиња😇
На среќните родители👫 им честитаме, а на нашите нови сограѓани им посакуваме среќно детство и убави животни приказни. Најголемата радост кај нас доаѓа од најмалите🩷🩵

Почитувани,ЈЗУ У Клиника за за гинекологија и акушерство ги информира сите идни пациентки кои во наредниот период ќе се ...
24/08/2026

Почитувани,

ЈЗУ У Клиника за за гинекологија и акушерство ги информира сите идни пациентки кои во наредниот период ќе се породуваат на нашата клиника дека одделот за пуерпериум (одделението каде престојуваат породените мајки) во моментов се реновира.
Работата на клиниката е со вообичаена динамика и истата не трпи никаков застој. Информацијата е со цел да се информираат сите идни мајки и нивните семејства дека дел од пациентките се сместени на одделението, дел на друго одделение при што се врши ротација на пациентките согласно претходно направен план.
Сите здравствени услуги се добиваат навремено и без застој.
Оваа активност е резултат на грижата на клиниката за континуирано подобрување на условите на сите лежечки пациентки.
Реновирањето е уредно пријавено и истото се извршува во согласност со пртоколите за градежни зафати.

Со почит,
ЈЗУ У ГАК

🏢Како дел од Програмата на Владата и Министерсвото за здравство, на Клиниката за гинекологија и акушерство е ангажирана ...
23/07/2026

🏢Како дел од Програмата на Владата и Министерсвото за здравство, на Клиниката за гинекологија и акушерство е ангажирана д-р Снежана Расовац, специјалист педијатар-неонатолог со потесна специјалност пулмологија, од Белград, Република Србија, како врвен експерт во областа на неонатологијата и интензивната нега на новороденчиња.
Во рамките на нејзиниот престој на Клиниката, д-р Расовац ќе реализира шестмесечна континуирана едукација наменета за лекарите👩‍⚕️👨‍⚕️ и медицинските сестри 🧑‍⚕️од Одделот за интензивна нега и терапија.
Едукативната програма е конципирана како сеопфатен и практично ориентиран процес, со цел унапредување на знаењата и вештините на здравствените работници и усогласување со современите светски принципи и протоколи во неонаталната интензивна медицина.
Програмата опфаќа механичка вентилација, lung ultrasound, ултразвучно водење при поставување венски линии, инотропна терапија, неонатална нутриција, транспорт на новороденчиња и усогласување со најновите стручни протоколи и светски стандарди бидејќи секое новороденче заслужува највисоки стандарди од првиот здив!
Клиниката за гинекологија и акушерство продолжува да гради современ, едуциран и силен професионален тим – затоа што секое новороденче заслужува најдобра можна грижа од првиот момент.

📚Знаењето е најмоќната инвестиција во иднината. А кога станува збор за најмалите пациенти – највисоките стандарди се наша обврска.

84 дена храброст. 84 дена надеж. Пред неколку дена, Нина си одите дома! ​Има победи кои не се мерат со зборови, туку со ...
13/07/2026

84 дена храброст. 84 дена надеж.
Пред неколку дена, Нина си одите дома!
​Има победи кои не се мерат со зборови, туку со отчукувањата на едно малечко срце. Нашата Нина ја заврши својата прва, најважна битка и победнички заминува од ОИНТ во прегратките на своите родители, каде што ја чека најубавата иднина.
За нас докторите, медицинските сестри /акушерки и севкупниот персонал на одделението ​беше чест да се биде дел од нејзиниот пат и да се биде сведок на нејзината сила.
Секој поглед, секој мал чекор напред за нас беше бесценет подарок.
​Искрени желби од целиот персонал:
Ти посакуваме детство исполнето со безброј насмевки, игра, здравје и безгранична љубов. Нека твојот пат биде осветлен само со убави нешта.

Среќен пат дома, мало сонце!

А, на мама Софија и тато Кристијан, полни срца, најсилни насмевки и илјада пати браво за патот кој и вие го одевте!

Нина е родена на 17.04.2026 во 32 гн, но со само 1030 грама денес си оди со 1850 грама и 🎖️ орден за храброст!

Во правец на се почестата интенција за микроинвазивна хирургија, интервенција со повеќекратен бенефит како вo полза на н...
24/06/2026

Во правец на се почестата интенција за микроинвазивна хирургија, интервенција со повеќекратен бенефит како вo полза на нашите пациентки, така и во полза на државата, тим од доктори на ГАК, Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев, Проф. Д-р Миле Тантуровски, Асс. Боривое Павловски и Асс.Д-р Димитар Калчовски, а под водство на еминентните доктори од Бугарија, Д-р Георги Стаменов, директор на GESEA центарот и главната менторка Д-р Илиана Батева Христова, значително поткрепени со практична работа од областа на Gynaecological Endoscopic Surgical Education and Assessment се стекнаа со сертификат од овој акредитиран центар со што останува знаењето како и до сега да биде имплементирано.

КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО ЈА ИНФОРМИРА ЈАВНОСТА ДЕКА НЕ ПОСТОИ ДЕФЕКТ ВО РАБОТАТА НА СИСТЕМОТ ЗА ЛАДЕЊЕ. КЛ...
09/06/2026

КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО ЈА ИНФОРМИРА ЈАВНОСТА ДЕКА НЕ ПОСТОИ ДЕФЕКТ ВО РАБОТАТА НА СИСТЕМОТ ЗА ЛАДЕЊЕ. КЛИНИКАТА ВО МОМЕНТОВ РЕАЛИЗИРА ГРАДЕЖЕН ЗАФАТ ОД КАПИТАЛНА ВАЖНОСТ ЗА ПАЦИЕНТКИТЕ, А ТОА Е ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕТНО НОВА ОПЕРАЦИОНА САЛА. ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПОВРЗУВАЊА ОДРЕДЕНИ ЛИНИИ ОД СИСТЕМОТ ЗА ЛАДЕЊЕ БЕА ПЛАНИРАНО ИСКЛУЧЕНИ. СИСТЕМОТ ЗА ЛАДЕЊЕ ОД ПОПЛАДНЕВО Е ПОВТОРНО ВКЛУЧЕН И РАБОТИ СО ПОСАКУВАНАТА ДИНАМИКА. ГАК Е СМЕСТЕНА ВО НОВ ОБЈЕКТ КОЈ Е НАПРАВЕН ПО СИТЕ СТАНДАРДИ НА СОВРЕМЕНО ГРАДЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ. НА ОДДЕЛОТ КАДЕ СЕ СМЕСТЕНИ БЕБИЊАТА ПОРАДИ САМАТА ТЕРМОЛАБИНОСТ НА ТАА ВОЗРАСТ, ЛАДЕЊЕТО СЕ КОРИСТИ МИНИМАЛНО ВО ИНТЕРЕС НА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА БЕБИЊАТА. ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИ КАКО И РОДИЛНАТА САЛА ФУНКЦИОНИРАА СО ВООБИЧАЕНА ДИНАМИКА. СИТЕ ИДНИ ПАЦИЕНТКИ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ

⚡️9 јуни 2026, #Скопје #🇲🇰 • Пациентки на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) се жалат на неподнослива жештина откако климатизерите со денови не работат, додека, пак, од болницата велат дека се исклучени поради изградба на нова операциона сала.

🔴 Линк во коментар 👇

📢БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈУБАВИОТ ЧИН❗️❗️❗️🎬 ПОДГОТОВКАТА НЕ ЗНАЧИ САМО КУПЕНО КРЕВЕТЧЕ, БЕБЕШКА ОБЛЕКА, НАЈУБАВИ ИГРАЧКИ...
28/05/2026

📢БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈУБАВИОТ ЧИН❗️❗️❗️🎬
ПОДГОТОВКАТА НЕ ЗНАЧИ САМО КУПЕНО КРЕВЕТЧЕ, БЕБЕШКА ОБЛЕКА, НАЈУБАВИ ИГРАЧКИ И ПОТРЕБНАТА ПУМПИЦА. ПОДГОТОВКА ЗНАЧИ ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ И ВИЕ🫵, ФИЗИЧКИ 🙆‍♀️И ПСИХОЛОШКИ 🧖‍♀️ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ВАШЕТО НАЈУБАВО И НАЈВОЗБУДЛИВО ПОГЛАВЈЕ.
👩‍⚕️👨‍⚕️САМО СО ДОБРА И ПРОФЕСИОНАЛНА ПОДГОТОВКА ЧИНОТ НА РАЃАЊЕ ЌЕ БИДЕ ПОЛЕСЕН, ПА МОЖЕБИ И ПОЗАБАВЕН

☎️ЈАВЕТЕ СЕ И ЗАКАЖЕТЕ!
078 485 335 СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД ⏰ 08 ДО 14.00 ЧАСОТ

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА ДРУЖЕЊЕ, НА ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ И НА ВО ЖИВО ДОЖИВУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА НА НАШАТА КЛИНИКА ПОСЕТУВАЈЌИ ЈА РОДИЛНАТА САЛА, АПАРТМАНИТЕ КАДЕ ЌЕ БИДЕТЕ СМЕСТЕНИ И СЕКАКО УБАВ ПОЧЕТОК ВО ПРОСТОРОТ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВАТА АДРЕСА НА ВАШЕТО БЕБЕ 👶

Address

Vodnjanska 17
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје:

Shortcuts

Share