23/07/2026
Слушен апарат или кохлеарен имплант?
Двата уреда помагаат при загуба на слух, но не се исто. Изборот зависи од наодот, не од желбата.
Слушен апарат го засилува звукот и го праќа во увото. За да работи, во внатрешното уво треба да има доволно здрави клетки што ќе го пренесат звукот до мозокот. Затоа се користи кај лесна до тешка загуба на слух.
Кохлеарен имплант не засилува. Кога оштетувањето е претешко и апаратот повеќе не помага, имплантот го заобиколува оштетеното уво и праќа сигнали директно до слушниот нерв. Потребен е хируршки зафат и рехабилитација.
Како се знае кој е потребен?
Не само по аудиограмот, туку и по тоа колку пациентот разбира говор со апарат. Ако разбирливоста е слаба и со најсилен апарат, тоа е знак за понатамошна процена.
Зошто не треба да се чека?
Кога слухот долго не се стимулира, мозокот тешко ги обработува звуците. Навремената процена дава подобри резултати, и кај деца и кај возрасни.
Во Акус Медикус правиме комплетен слушен преглед, за да знаете што точно ви е потребно.
📍 Скопје (Поликлиника) - Бул. “11 Октомври” бр. 86/3/1 📞 071/313-963, 071/313-902, 02/3121-503