Живата соба

Живата соба Психотерапевт Благица Р. Ваниќ, Советувалиште за хумана соработка Психотерапевт

Една од најчестите причини за нашата анксиозност може да биде постојаното кажување ДА, кога сакаме да кажеме НЕ.“Не можа...
26/08/2026

Една од најчестите причини за нашата анксиозност може да биде постојаното кажување ДА, кога сакаме да кажеме НЕ.

“Не можам да ги измијам чиниите, ми треба одмор”
“Немам капацитет да ја преземам оваа работна задача”
“Ми треба одмор и не сакам да одам на слава”

Толку едноставно звучат овие реченици, но за некои од нас да ги изговориме значи голема опасност.

Опасност дека можеби:

“Ќе ми се налути сопругот”
“Ќе зборат дека сум мрзелив/а”
“Ќе се разочараат од мене и ќе ме напуштат”

И додека нашето тело вреска “НЕ”, ние повторно кажуваме “ДА” и ги потиснуваме нашите потреби и граници.

И токму тогаш кога не го слушаме нашето тело почнуваат психосоматски симптоми како срцебиење стегање во градите, немир, анксиозност и стравови.

Но, зошто нѝ е толку тешко да престанеме да им угодуваме на другите?

Можеби затоа што сме научиле дека за да бидеме добри, сакани и прифатени, треба да им угодуваме на сите.

Можеби во минатото сме научиле дека нема да бидеме добри луѓе и ќе не напуштат ако

Не помогнеме.
Не премолчиме.
Не се прилагодиме.

И токму тука се заплеткува клопчето.

Настанува конфузија, нејасност и анксиозност.

Се губи границата помеѓу нас и другите.

Тешко е да препознаеме кои се нашите потреби и граници.

Од една страна имаме потреба за одмор и за време за себе.

Да кажеме што нѝ е потребно, што нѝ пречи, што сакаме.

Од друга страна се појавува стравот

“Што ќе се случи ако се изберам себеси?”
“Што ако ги повредам другите?”
“Ќе помислат ли дека сум себичен/а?”
“Ќе ми се растури ли бракот?”

И овие стравови е нормално да ги чувствуваме, затоа што со години сме научиле да кажуваме “ДА” и да се потиснуваме себеси.

И нема гаранција дека нема со сигурност да се остварат.

Некој можеби навистина ќе се налути.
Некој можеби навистина ќе се разочара од нас.
Некој можеби нема да му одговара нашето “НЕ”

Но, другата алтернатива е веќе позната.

Останување во анксиозност уште долго.

И навистина не е лесно да се направи чекор кој е различен од се што сме правеле до сега.

Уште потешко е кога сме сами во целата конфузија и магла. Кога немаме поддршка од луѓето околу нас.

Токму затоа некогаш е потребна поддршка од пријател или психотерапевт кој ќе нѝ помогне да стигнеме до поголема јасност:

Што е мое, а што е туѓо?

Да нѝ биде огледало и да разбереме каде сами се одржуваме во круг на анксиозност?

Како ги потиснуваме на нашите потреби и граници, на сметка на угодување на потребите на другите.

И постепено да откриеме дека ако кажам „НЕ“, тоа не значи дека не го почитувам или не го сакам другиот.

Туку дека не се отфрлам себеси за да му угодам.

Доколку сакаш да дознаеш повеќе што всушност е анксиозноста и зошто се појавува, можеш да го погледнеш бесплатниот вебинар на следниот линк:

https://www.gestaltmacedonia.com/webinar

Често кога ќе се соочиме со првите симптоми на анксиозност, се појавува страв дека можеби нешто не е во ред со нас.Дека ...
19/08/2026

Често кога ќе се соочиме со првите симптоми на анксиозност, се појавува страв дека можеби нешто не е во ред со нас.

Дека сме се разболиле од анксиозност и дека веќе никогаш нема да бидеме тоа што некогаш бевме.

Па, се прашуваме дали анксиозноста е болест и дали може да се излечи?

Во Гешталт психотерапијата анксиозноста не се гледа како болест, туку како сигнал.

Еве зошто.

Анксиозноста често не се појавува без причина.

Таа се појавува кога подолго време сме ги потиснувале нашите

Потреби
Емоции
Граници

Кога предолго сме држеле лутина, тага или фрустрација во себе.
Кога одамна не знаеме кои сме и што нѝ потребно.
Кога нашето тело постојано кажува НЕ, но ние не можеме да го кажеме истото.

Оттука анксиозноста не е болест што се појавила одеднаш.

Стегањето во градите
Срцебиењето
Главоболките
Треперењето во рацете
Грутката во грлото

Не се само симптоми од кои треба да се ослободиме.

Туку сигнал од нашето тело дека нешто во себе потиснуваме.

Сигнал кој ни открива нешто важно за нашите потреби и за односот што го имаме кон себеси.

Низ Гешталт психотерапијата учиме како да креираме нов однос со анксиозноста и со себеси.

Да научиме како да ја погледнеме за прв пат без осуда. Да ја запознаеме и истражиме со љубопитност.

Наместо да се бориме со анксиозноста и да се обидуваме да ја излекуваме - целта е да ја прифатиме и разбереме.

Да создадеме простор каде што конечно ќе откриеме зошто се појавува во нашиот живот.

Можеби ќе дознаеме дека срцебиењето е сигнал дека преземаме премногу работни обврски во текот на еден работен ден или недела.

Дека стравот од срцев удар доаѓа како резултат на траума од смртта на наш близок од срцев удар.

Дека нашето тело не може да го издржи темпото секаде и со секого да бидеме совршени и да не згрешиме.

Оттука анксиозноста наместо да ја гледаме како болест, може да биде сигнал.

Сигнал кој не води кон откривање на нашите вистински потреби и слушање на своите емоции.

Сигнал кој не води кон повеќе мир, слобода и автентичност во живеењето.

Ако сакаш подетално да прочиташ како да ја разбереме пораката што анксиозноста нѝ ја праќа, прочитај го текстот подолу.

https://www.gestaltmacedonia.com/post/anksioznosta-kako-poraka

"Онлајн програмата за анксиозност за мене имаше вредност пред сè во тоа што внесува јасна структура во едно често нејасн...
16/08/2026

"Онлајн програмата за анксиозност за мене имаше вредност пред сè во тоа што внесува јасна структура во едно често нејасно и преплавувачко искуство.

Ми помогна да ја согледам анксиозноста како нешто што може да се разбере и да се прифати, наместо само хаотично да се доживува.

Примерите од терапевтски сеанси отвораат различни перспективи за тоа како анксиозноста се појавува во реалниот живот, а аудио-вежбите и работната книга на едноставен и ненаметлив начин повикуваат на повеќе свесност и самоприфаќање.

Психоедукативните разговори исто така ми помогнаа подобро да го разберам и осмислам и сопственото искуство, но и искуствата на клиентите со анксиозноста во мојата работа." - Маја Трајановска

Погледни повеќе за програмата:
https://www.gestaltmacedonia.com/onlajn-programa-za-spravuvanje-so-anksioznost

Ако сакаш да провериш дали оваа програма е за тебе регистрирај се бесплатно за првите модули:
https://shorturl.at/qsLPW

Кога се соочуваме со социјална анксиозност, веруваме дека се плашиме од нови луѓе и од големи гужви.Но, можеби не е вист...
11/08/2026

Кога се соочуваме со социјална анксиозност, веруваме дека се плашиме од нови луѓе и од големи гужви.

Но, можеби не е вистината дека се плашиме од луѓето.

Туку од тоа какви мислиме дека се другите.

Често веруваме дека не се сретнуваме со луѓе, туку со суперхерои кои знаат сѐ за животот и сѐ многу попаметни од нас.

И во секој момент се плашиме дека ќе бидеме осудени за нашиот изглед, стил на облекување, тон и дијалект или чудни движења на нашето тело...

Осудени од некој што мислиме дека знае многу повеќе од нас за животот.

Но, постои една мала разлика поради која вреди да се посомневаме во нашите верувања за другите луѓе.

“Ние се познаваме себеси многу повеќе отколку што ги познаваме другите.”

За себе знаеме дека имаме еден неуспешен брак.
Дека имаме проблем со самодовербата.
Дека повеќе од 10 години се мачиме со анксиозноста.

Дека понекогаш сме убедени дека сме губитници, дека не знаеме што со себе и дека не треба да постоиме.

Па така, се плашиме дека другите ќе погледнат низ нашата нашата конфузија и ќе детектираат исплашено и некомпетентно човечко битие.

Но, за нив не знаеме речиси ништо.
Само претпоставуваме.

Претпоставуваме дека никогаш не се сомневаат во себе и не се плашат од осуда.

Веруваме дека се изградени од титаниум, а не дека се ранливи и несигурни суштества исполнети со вода.

Мислиме дека знаат сѐ и премногу се паметни да разговааат со некој како нас.

Веруваме дека никогаш не се чувствуваат осамено или анксиозно. Дека немаат каења во љубовта, сомнежи во партнерот или страв дека направиле погрешен избор.

Претпоставуваме дека се пресреќни што живеат во загушливиот град, а можеби веќе десет години ја потиснуваат желбата да избегаат од корпоративната кариера и да се преселат на село заедно со неколку кокошки.

Но, многу веројатно е дека и тие, исто како нас, помислуваат:

"Дали изгледам чудно?"
“Што ако кажам нешто глупаво и ми се изнасмеат?”
“Баш би сакал да се запознаам со неа, но се плашам дека ќе ме одбие..”
“Не сум доволно паметен за да разговаам со нив, немам ништо интересно да споделам..”

Оттука клучот за поголема самодоверба и намалена социјална анксиозност, можеби не е во тоа да се прикажеме во совршената комбинација на облека, да ги кажеме најсочните животни приказни или очајно да бараме да бидеме прифатени од другите.

Можеби потсетувањето на внатрешниот свет и анксиозноста на другите - кои не се гледаат на површината, ќе нѝ даде причина зошто можеме да бидеме послободни, поавтентични и со помалку страв дека ќе бидеме осудени од некој кој е само човек.

Човек кој е ранлив исто како нас, а не наш судија.

Човек кој е несовршен и збунет исто како нас.

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за тоа како обидот да бидеме совршени ја одржува нашата анксиозност - можеш да го прочиташ следниот блог текст

https://www.gestaltmacedonia.com/post/sovrsheniot-krug-na-anksioznosta

"Веќе знаев кои се симптомите на анксиозност но преку програмата успеав да почнам да ги гледам на поинаков начин. Веќе н...
04/08/2026

"Веќе знаев кои се симптомите на анксиозност но преку програмата успеав да почнам да ги гледам на поинаков начин.

Веќе не ги гледам како натрапници кои треба да ги отстранам, ниту се гледам себе си неадекватно во ситуациите кога ми се појавувале симптомите.

За да го постигнам ова ми помогна сеопфатноста на програмата бидејќи покрај примерите и теоријата има и практични вежби и прирачник со убави прашања за само-рефлексија кои не ми дозволија да ги пропуштам оние работи кои претходно сум ги занемарувала а ги одржувале лимитирачките верувања за себе си" - Дора Стојаноска

Погледни повеќе за програмата:
https://www.gestaltmacedonia.com/onlajn-programa-za-spravuvanje-so-anksioznost

Ако сакаш да провериш дали оваа програма е за тебе регистрирај се бесплатно за првите модули:
https://shorturl.at/qsLPW

Често знаеме да кажеме дека минатото не може да се врати. Иднината не може да ја контролираме. Па затоа најдобро е да жи...
30/07/2026

Често знаеме да кажеме дека минатото не може да се врати.

Иднината не може да ја контролираме.

Па затоа најдобро е да живееме во сегашниот момент.

Но вистината е дека ние постојано живееме во сегашниот момент.

Само што често сме во мислите за минатото или иднината —,во сегашниот момент.

Несвесно и по автоматизам.

И токму тогаш пропуштаме да откриеме што сѐ друго е можно во сегашниот момент.

Сегашниот момент е единствена прилика да направиме промена во нашето живеење.

На пример можеме да ги донесеме искуствата од минатото во сега и тука - за да разбереме повеќе за нив.

Не за да ги истражуваме, туку да увидиме какво значење им даваме денес?

- Ако неуспеал бракот, дали заради тој настан јас сум целосно неуспешен/а?

- Ако добијам отказ, дали сум губитник засекогаш?

- Ако повредам некого, дали сум “виновен/а” за цел живот?

Кога целосно се идентификуваме со овие значења, во нас носиме огромен товар од минатото во сегашниот момент.

Товар кој нè спречува да ги видиме новите можности, потенцијалот и правото на квалитетен живот во сегашниот момент.

Товар кој нè држи заглавени во анксиозност, тага, каење - некаде помеѓу минатото и сегашниот момент.

Но, токму во сегашниот момент можеме да се одвоиме од тој товар од минатото.

Да разбереме дека тоа е само едно искуство во животот, но не и цел наш идентитет.

Неуспешен брак е едно искуство

Отказ е еден настан

Грешка е само еден момент

Ниту едно од овие искуства не нѐ дефинира целосно.

Тие се само една гранка - а не целото дрво.

Токму овие свесности можат да нѐ водат кон откривање на нови потенцијали од себеси и што друго е можно во сегашниот момент.

Да разбереме дека:

- Не сме целосно неуспешни и дека имаме потенцијали за нови победи.
- Имаме право на грешка, но и да растеме и бидеме подобри.
- Не сме само виновни, туку моежеме да бидеме и сочуствителни и грижливи луѓе.

Така се раѓаат нови можности за помирен, посреќен и поавтентичен живот во сегашниот момент - можности кои биле прикриени од сенката на минатото.

На следниот блог може да прочиташ повеќе како сегашниот момент може да нѝ помогне да се справиме со анксиозноста.

https://www.gestaltmacedonia.com/post/kako-segashniot-moment-ja-namaluva-anksioznosta

"Онлајн програмата за анксиозност ми помогна на многу начини:-Ги потврдив своите сознанија дека анксиозноста е дел од се...
26/07/2026

"Онлајн програмата за анксиозност ми помогна на многу начини:

-Ги потврдив своите сознанија дека анксиозноста е дел од сечиј животен пат, иако се јавува во различни периоди со различен интензитет.

-Се потсетив колку е битно да ја препознаеме анксиозноста, да не ја игнорираме, да ја прифатиме и да се обидеме да ја разбереме, односно да се разбереме себеси за да можеме да си помогнеме.

-Се продлабочи мојата свесност за самоподдршката, односно колку е важно да се прифатиме и поддржиме и кога е непријатно, и кога е тешко, и кога многу боли односно кога сме тажни, исфрустрирани, анксиозни...

-Преку видео сесиите, уште еднаш го увидов и значењето на поддршката од другиот, односно колку ми е мене важно да се чувствувам чуена, видена, разбрана, во безбедна и сигурна средина, особено кога сум збунета и ранлива.

Програмата за анксиозност е обемна и повеќеслојна, и во сите елементи пронајдов нешто свое и нешто за себе, дојдов до нови увиди и до нови одговори на некои стари прашања.

Преку работната книга навлегов подлабоко во себе, а текстовите ми помогнаа да си ги разберам полесно процесите низ кои поминував. Видео вежбите ми се многу корисни-не бараат многу време, а секојпат добивам нови увиди и сознанија.

Благодарна сум за можноста да бидам дел од оваа програма за анксиозност, и уште еднаш да ја освестам важноста на присутноста, свесноста и одговорноста за себе во сите свои состојби, и за односот со себе и со другите.

Топло ја препорачувам програмата на сите кои се соочуваат со анксиозност и се обидуваат да си помогнат, да се носат со неа, и да имаат поквалитетен живот, и се разбира, ако имаат потреба да побараат и стручна помош" - Жаклина Ангелеска-Костадиновски

Погледни повеќе за програмата:
https://www.gestaltmacedonia.com/onlajn-programa-za-spravuvanje-so-anksioznost

Ако сакаш да провериш дали оваа програма е за тебе регистрирај се бесплатно за првите модули:
https://shorturl.at/qsLPW

Емоциите се дел од нашиот организам и тие се појавуваат за да нѝ сигнализираат дека нешто важно се случува во нас.Но, мн...
22/07/2026

Емоциите се дел од нашиот организам и тие се појавуваат за да нѝ сигнализираат дека нешто важно се случува во нас.

Но, многу често брзаме низ животот без да застанеме, да ги слушнеме, да ги разбереме и да им дозволиме да се изразат.

Кога остануваат неслушнати, тие продолжуваат да бараат простор за изразување сѐ додека не бидат слушнати.

Па така, ако подолго време ги потиснуваме, тие можат да почнат да се изразуваат преку физички симптоми, немир и анксиозност.

Лутината преку стегање во градите.
Тагата преку тежина и празнина во градите.
Стравот преку постојана анксиозност.

Но, емоциите не се непријатели - туку сигнал кој носи важна информација за некоја наша незадоволена потреба.

Оттука, контактот со сопствените емоции е првиот чекор кон поголема внатрешна стабилност, задоволство и смиреност.

Со тоа што остануваме присутни со своите емоции - им дозволуваме да се изразат, да бидат слушнати и препознаени.

Но, најважно од сѐ е што ја откриваме нивната порака.
Пораката од нашиот организам за нас.

Па така, може да откриеме дека:

Позади лутината се кријат прекумерните работни обврски, без соодветно да бидеме платени за тоа.

Позади тагата се крие чувството на осаменост во средина која не ги дели нашите вредности.

Позади стравот се крие верувањето дека никогаш повеќе не смееме да згрешиме за да бидеме сакани.

Со овие нови сознанија можеме да направиме поинаков избор.

Можеме да одлучиме да кажеме „не“ на прекумерните обврски или да ја смениме работата.

Да се обидеме да пронајдеме пријатели со кои ќе делиме исти вредности, интереси, надежи и стравови.

Да си дозволиме да направиме грешка, а сепак да продолжиме да се чувствуваме вредни и достоинствени.

Кога ќе почнеме да ги слушаме нашите емоции и да одговараме на нивните пораки, симптомите повеќе не мора да бидат единствениот начин на кој организмот се обидува да нѝ го привлече вниманието.

Токму овој нов однос со нашите емоции може да биде првата мала промена што постепено ќе нѐ води кон помирно, послободно и поисполнето секојдневие.

Доколку сакаш, можеш да ја искусиш вежбата на следниот линк.

Вежбата ќе те води кон создавање на нов однос со емоциите и разбирање на нивната порака.

https://www.gestaltmacedonia.com/post/vo-kontakt-so-emociite

„Оваа програма за мене даде прилично опсежно и длабинско третирање наанксиозноста проследено со конкретен „жив“ пример н...
19/07/2026

„Оваа програма за мене даде прилично опсежно и длабинско третирање на
анксиозноста проследено со конкретен „жив“ пример на клиент и
однос со терапевт.

Доведувањето на клиентот во свесност е битен исчекор, бидејќи е предуслов за понатамошните исчекори.

По само 15- минутна средба, психијатарот ми рече: имаш животна ситуација која ти прави анксиозност и треба да најдеш начин како да се справиш со тоа. Тогаш го разбрав како фраза и низ призма на животното искуство.

Сега го разбрав многу подетално, подлабински и со попрактични методи како да стигнам и до избори“ - Лазар

Погледни повеќе за програмата:
https://www.gestaltmacedonia.com/onlajn-programa-za-spravuvanje-so-anksioznost

Ако сакаш да провериш дали оваа програма е за тебе регистрирај се бесплатно за првите модули:
https://shorturl.at/qsLPW

Голем дел од анксиозноста доаѓа од нашата потреба да бидеме сигурни дека ништо лошо нема да се случи. - Никогаш да не ос...
15/07/2026

Голем дел од анксиозноста доаѓа од нашата потреба да бидеме сигурни дека ништо лошо нема да се случи.

- Никогаш да не останеме без пари
- Секогаш да сме здрави
- Партнерот да остане засекогаш со нас
- Планетета да опстане

Но токму тука започнува проблемот.

Затоа што животот никогаш не бил сигурен, ниту стабилен.

И навистина…

Не можеме да предвидиме што ќе се случи во следниот момент

- Утре може да скршиме нога
- Да се разболиме
- Да нѝ дадат отказ
- Да заврши врска за која сме мислеле дека ќе опстане до крајот на животот

Но, кога очекуваме секој ден да биде стабилен - токму тогаш се создава анксиозноста.

Токму тогаш почнуваме
да градиме невидливи ѕидови меѓу нас и животот.
Да ги очекуваме најцрните можни сценарија.
Да го преиспитуваме секој наш следен чекор.
Да се плашиме и од најмалите промени.

И незабележливо почнуваме да се криеме од животот, наместо да го живееме.

Но, најважно од се…Ја пропуштаме можноста за раст.

Можноста да го изградиме капацитетот што нѝ помага да се справиме со сите непријатни изненадувања што животот може да нѝ ги донесе.

Оттука, прегрнувањето на животот со сите неизвесности - го гради нашиот капацитет за помирно пловење низ следната бура.

Па замисли се неколку години од сега…

Си се впуштил со раширени раце кон животот.
Влегуваш во различни врски, партнерства, работни места, искуства.

Дел од нив веројатно ќе завршат и нема да траат вечно.
И тоа ќе те боли. Но, не е важно..

Важно е што низ тие искуства учиш дека можеш да го преживееш следното изненадување од животот.

Дека можеш да се справиш и со она што никогаш не си го планирал/а дека ќе го дочекаш.

И тука една работа почнува да станува јасна.

Со тек на време живееш помирно, послободно и постабилно.

Но, не затоа што светот станал попредвидлив.
Туку затоа што си посилен/а кога животот ќе стане непредвидлив.

Затоа што имаш самодоверба дека што и да ти донесе животот - ќе го прифатиш и поднесеш.

И можеби мирот не доаѓа кога конечно ќе успееме да го контролираме животот.

Туку кога ќе престанеме да бараме гаранции од него.
Кога ќе научиме дека животот постојано ќе се менува.

А ние, чекор по чекор, учиме како да се менуваме заедно со него.

Ако сакаш можеш да го прочиташ нашиот нов блог на линкот подолу.

Во него ќе пронајдеш мудрости од Будизмот и Стоицизмот - како практично да станеш поотпорен/а на непредвидливоста на животот.

Ќе дознаеш и зошто нема никаква логика да се браниме од животот.

https://www.gestaltmacedonia.com/post/prifakjanjeto-na-neizvesnosta-e-kluchot-za-spravuvanje-so-anksioznosta

Address

Емил Зола 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38975336540

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Живата соба posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Живата соба:

Shortcuts

Share