22/09/2025
Едноставна и моќна реченица што неодамна ја слушнав од една од моите менторки по психодрама, а зборува за сите оние моменти кога грчевито се држиме за страдање кое можеби има поминат рок.
Она кое го чуваме како котва што нè врзува за загубеното, и кое си го причинуваме сами на себе за да не заборавиме на нешто или некого. Болката станува доказ за нашата љубов, а страдањето станува наша должност, зашто "да не страдам е предавство кон споменот".
Да се пушти и да се продолжи понатаму не е тешко затоа што не разбираме дека е неопходно. Тешко е зашто некаде во себе, контрадикторно на она што го знае разумот, одбиваме да ја пуштиме болката која станала блиска, топла и удобна.
А потоа умееме и да се чудиме зошто не ни поминува. Бараме нешто или некој што, небаре со хируршки скалпел, ќе брцне во нас и ќе ја отстрани како некакво емоционално слепо црево, и ќе се разбудиме како нови.
Болката не е бесцелна, но прашањето кое заслужува да биде поставено е дали можеби веќе ја отслужила својата функција и се претворила во алатка за себеизмачување?
Пуштањето е нешто кое никој друг не може да го направи за нас. Пуштањето е процес. Ако нешто сме собирале многу долго време, најверојатно е дека нема да исчезне преку ноќ. Пуштањето е активен и свесен чин. И конечно, пуштањето е подарок од себе кон себе, зашто бескрајното патење не е доблест.
Пуштањето на болката не е еднакво на заборав. Едноставно, она што треба да се чува се спомените, а болката е за пуштање. ❤️🩹
•
#разговорсопсихолог #психолошкаподдршка