17/08/2026
Бесплатен скрининг за спинална мускулна атрофија за првите 100 новороденчиња во Центарот за мајка и бебе.
Спиналната мускулна атрофија (СМА) е ретко генетско заболување кое предизвикува прогресивна слабост и губење на мускулната функција.
Болеста клинички се манифестира во првите три месеци од животот, при што пред шестмесечната возраст се губат околу 95% од моторните неврони без можност за нивно обновување.
Денес со примена на генетскиот скриниг, навременото дијагностицирање во првите 24-48 часа и примена на терапија, СМА е излечива генетска болест.
Во ,,Центар за мајка и бебе,, во соработка со Лабораторијата за молекуларна дијагностика и хумана генетика при Клиниката Жан Митрев е воведен неонатален генетски скрининг за секое новородено, кој ќе биде бесплатен за првите 100 новороденчиња во центарот.
Воведената генетска анализа е според светските стандарди препорачани од страна на SMA Europe и валидирана од страна на Лабораторија со Национален Неонателен Скрининг воведен од 2023 година од Република Србија.
За тоа што претставува СМА, како се спроведува скринингот и зошто раното откривање е важно, зборува м-р молекуларен биолог Марија Ѓорѓиевска, раководител на Лабораторијата за молекуларна дијагностика и хумана генетика.
▶️Погледнете го видеото
#жанмитрев #жанмитревцентарзамајкаибебе #бременост #породување #промоции