Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација НЕОКОРТЕКС - Центар за Психотерапија, Психодијагностика, Тренинг и Едукација

Основач на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација во Скопје, е М-р Ивана Хаџиванова Психолог, Гешталт психотерапевт и Супервизор.
Во центарот предводи високо професионален тим од стручни лица, чија мисија е превенција, третман и грижа за менталното здравје кај деца, адолесценти и возрасни.

За повеќе, видете ја нашата веб страна www.neocortex.mk
и нашиот инстаграм профил

Страницата е со цел постирање на содржина која би можела да помогне на јавноста во насока на поголема грижа и свесност за своето ментално здравје. Содржините кои се објавуваат се од психо-едукативен карактер, и не заменуваат директна посета, контакт и третман од стручно лице.

Голема чест ми беше да бидам панелист на Третата национална конференција за Душен и Бекер мускулна дистрофија, организир...
12/09/2026

Голема чест ми беше да бидам панелист на Третата национална конференција за Душен и Бекер мускулна дистрофија, организирана од Мускулна дистрофија Асоцијација Македонија.

Заедно со еминентни стручни лица, храбрите пациенти и нивните семејства, разговаравме за современите терапевтски можности, предизвиците со кои се соочуваат пациентите и семејствата, како и за можните решенија за унапредување на мултидисциплинарниот третман и зајакнување на психосоцијалната поддршка.

Заедничката цел е јасна – подобра грижа, поголема поддршка и подобар квалитет на живот за лицата кои живеат со овие ретки болести. 🤍

Мускулна Дистрофија Асоцијација Македонија✨

NEOCORTEX MINDLABПсихоедукативна развојна програма креирана од психолози насочена кон развој на емоционалните, социјални...
02/09/2026

NEOCORTEX MINDLAB
Психоедукативна развојна програма креирана од психолози насочена кон развој на емоционалните, социјалните и когнитивните способности кај деца и адолесценти.

Преку интерактивни игри, разговори, психоедукација, вежби и практична работа, учесниците се охрабруваат да ги откријат своите потенцијали, да ја зајакнат самодовербата и да градат позитивни и автентични односи – и со себе и со околината.

Умот се развива, а личноста созрева!🧠🤍

За повеќе информации за програмата и модулите, погледнете на нашата веб страна www.neocortex.mk

📌Старт: крај на септември (по пополнување на групите.)
📌Траење: 2 часа по модул, вкупно 6 модула.
📌Групи: 5 –10 учесници

📍 Локација: Неокортекс – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација Скопје
🎨 Број на места ограничен!
📌 Пријавете го вашето дете денес!
📞 Телефон: +38976496496
📧 Email: [email protected]

Кога зборуваме за сексуална привлечност, најчесто помислуваме на физички изглед или хормони. Но, кај многу луѓе, особено...
27/08/2026

Кога зборуваме за сексуална привлечност, најчесто помислуваме на физички изглед или хормони. Но, кај многу луѓе, особено во долгорочните партнерски односи, емоционалната сигурност има огромно влијание врз желбата за блискост.

Кога во односот подолго време има критика, непочитување, емоционално занемарување, непредвидливост или нерешени конфликти, нервниот систем може да подолго време да остане во состојба на зголемена активација и претпазливост. Во таква состојба, кај дел од луѓето постепено може да се намали и сексуалната привлечност.

Тоа не значи дека љубовта исчезнала. Понекогаш значи дека односот изгубил нешто што е неопходно за желбата да се одржи – чувството на емоционална сигурност.

Наместо прашањето:
„Зошто повеќе не ме посакуваш?“

понекогаш е покорисно да се запрашаме:
„Што се случи помеѓу нас што ја наруши довербата, почитта и чувството на сигурност?“

💙 Сексуалната привлечност не е само биологија. Таа често е и одраз на квалитетот на односот и чувството на емоционална сигурност.

#менталноздравје #емоции #психологија #психотерапија #самосвесност

Постојано слушаме:„Биди позитивен.“Но психолошкото здравје не значи постојано да бидеме позитивни.Тоа значи да можеме да...
25/08/2026

Постојано слушаме:
„Биди позитивен.“

Но психолошкото здравје не значи постојано да бидеме позитивни.

Тоа значи да можеме да ги поднесеме и непријатните емоции без да бегаме од нив.

Да си дозволиме да бидеме тажни без чувство на вина.

Да бидеме разочарани без да мислиме дека сме слаби.

Да бидеме исплашени без да веруваме дека нешто не е во ред со нас.

Не секоја непријатна емоција е проблем што треба веднаш да се „поправи“.
Многу почесто, таа е информација дека нешто важно се случува во нашиот живот.

💙 Целта не е секогаш само веднаш да се чувствуваме подобро, туку и подобро да разбереме што чувствуваме.

#менталноздравје #емоции #психологија #психотерапија #самосвесност

Летните горештини не влијаат само на телото. Кај дел од луѓето, тие можат привремено да влијаат и на концентрацијата, мо...
23/08/2026

Летните горештини не влијаат само на телото. Кај дел од луѓето, тие можат привремено да влијаат и на концентрацијата, мотивацијата, трпението и емоционалната регулација.

Бидејќи екстремната топлина претставува физички стресор за организмот, кога на тоа ќе се додадат недоволен сон, губење течности и физичка исцрпеност, сосема е разбирливо некои луѓе да се чувствуваат почувствително, пораздразливо или поанксиозно.

Во такви моменти, пред да ја толкувате секоја телесна сензација како знак дека нешто опасно се случува, направете кратка проверка:

Дали бев долго изложен/а на топлина?
Дали внесов доволно течности?
Дали јадев и спиев доволно?
Дали на телото му е потребен одмор?

Грижата за менталното здравје понекогаш започнува со најосновната грижа за телото.

#анксиозност #летнигорештини #менталноздравје #психологија #психотерапија

Природно е родителот да сака да го заштити своето дете од болка, разочарување и неуспех.Проблемот не е во грижата и зашт...
20/08/2026

Природно е родителот да сака да го заштити своето дете од болка, разочарување и неуспех.

Проблемот не е во грижата и заштитата, туку во моментот кога родителот постојано интервенира, решава, поправа, оправдува и презема одговорност наместо детето — дури и тогаш кога детето, со соодветна поддршка, може самото да се обиде.

Кога секоја пречка е однапред отстранета, детето има помалку можности да развива самостојност, трпение, толеранција на фрустрација и доверба во сопствените способности.

Децата не ја градат психолошката отпорност затоа што никогаш не „паѓаат’’. Ја градат кога, во безбедна и поддржувачка средина, ќе искусат дека можат да се обидат, да погрешат, да научат и повторно да продолжат.

Тоа не значи детето да биде оставено само со тешкотиите.

Здравата родителска поддршка значи да бидеме присутни, да го насочуваме и да му помогнеме онолку колку што му е потребно — без да го правиме наместо него она што постепено може да го направи самото.

На детето не му треба совршено расчистен пат. Му треба сигурна основа од која ќе научи самостојно да чекори.

#родителство #психологија #детскапсихологија #емоционаленразвој #самодоверба

Посесивноста може да се препознае преку прекумерна љубомора, постојано проверување, барање уверување, ограничување на ко...
19/08/2026

Посесивноста може да се препознае преку прекумерна љубомора, постојано проверување, барање уверување, ограничување на контактите и потреба партнерот постојано да објаснува каде е, со кого е и што прави.

Посесивното однесување не секогаш произлегува од свесна намера да се повреди другиот.

Многу почесто, зад потребата да се проверува, ограничува или контролира партнерот се кријат:

– несигурност,
– ниска самодоверба,
– страв од напуштање,
– претходни искуства на отфрлање или предавство,
– потреба за контрола како начин да се намали анксиозноста.

Контролата понекогаш носи краткотрајно чувство на сигурност, но долгорочно ја нарушува довербата и создава притисок во односот.

Важно е да се направи разлика: разбирањето на причината не значи оправдување на однесувањето.

Промената започнува кога човекот ќе научи:
– да ги препознава сопствените стравови и несигурности,
– отворено да ги изразува потребите без обвинување,
– да ја регулира анксиозноста без проверување и контролирање,
– да ја гради сопствената самодоверба и чувство на сигурност,
– да ја почитува автономијата и личните граници на партнерот.

Здравата блискост не значи постојана достапност, контрола или откажување од личната слобода.

Границите не се казна. Тие се предуслов за доверба, почит и здрава поврзаност.

Марија Иваноска
Психолог и семеен-системски советник

#психологија #психотерапија #посесивност #партнерскиодноси #емоционалназрелост

Голем дел од нашите разочарувања не доаѓаат од тоа што другите се лоши, себични или незаинтересирани.Туку од тоа што оче...
04/08/2026

Голем дел од нашите разочарувања не доаѓаат од тоа што другите се лоши, себични или незаинтересирани.

Туку од тоа што очекуваме да се однесуваат онака како што ние би се однесувале.

Да го кажат она што ние би го кажале.

Да го забележат она што ние би го забележале.

Да го дадат она што ние би го дале.

Да реагираат онака како што нам ни изгледа правилно.
Но луѓето не се наши копии.

Тие сакаат, чувствуваат, размислуваат и покажуваат грижа на различни начини.

Прифаќањето на таа различност не значи дека треба да толерираме непочитување, занемарување или повредување.

Значи дека учиме да ги гледаме луѓето реално — без да им припишуваме особини, намери и капацитети што можеби ги немаат.

И можеби токму кога ќе престанеме да ги мериме според себе, ќе почнеме навистина да ги гледаме.

#психологија #психотерапија #личенразвој #неокортекс

Анксиозноста често нè тера да живееме во иднината — во сценарија, претпоставки и прашања на кои сè уште немаме одговор.Н...
30/07/2026

Анксиозноста често нè тера да живееме во иднината — во сценарија, претпоставки и прашања на кои сè уште немаме одговор.

Но не секоја мисла е факт.

Не секое чувство е предупредување.

И не секој страв бара повлекување.

Понекогаш најважниот чекор е да се вратиме на она што е реално и присутно: дишењето, телото, просторот околу нас и следната мала работа што можеме да ја направиме.

Храброста не е отсуство на анксиозност.

Храброста е движење и покрај неа.

Што најмногу ви помага кога анксиозноста се засилува?

#Психологија #Анксиозност #МенталноЗдравје #Саморегулација #Психотерапија

Како се однесуваат луѓето кои се емоционално регулирани?• Не веруваат на секоја мисла — ја забележуваат, но не ја земаат...
29/07/2026

Како се однесуваат луѓето кои се емоционално регулирани?

• Не веруваат на секоја мисла — ја забележуваат, но не ја земаат секогаш како факт.

• Не живеат постојано во иднината — знаат дека анксиозноста често се храни од замислени сценарија.

• Не реагираат веднаш на секој импулс — создаваат простор помеѓу чувството и реакцијата.

• Не се заробени во самокритика — грешките ги гледаат како дел од учењето.

• Си дозволуваат одмор без вина — знаат дека телото не може постојано да биде во режим на продуктивност.

• Не ги потиснуваат емоциите — туку се обидуваат да ги разберат.

Емоционалната регулација не значи дека никогаш нема да почувствуваме страв, лутина, тага или преоптовареност.

Значи да не дозволиме секоја емоција или мисла автоматски да управува со нашето однесување.

Да можеме да застанеме.

Верица Бакулевска Психолог Психотерапевт - НЕОКОРТЕКС 🤍

#Психологија #Самосвест #Самосочувство #ВнатрешенКритичар #ЛиченРазвој

Address

BUlica Jane Sandanski 11/1-25, Аerodrom
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација:

Share

Category