Когниција

Когниција Центар за невропсихологија, психотерапија и за психодијагностика

Даваме услуги од следниве области:
• невропсихолошка процена на внимание, концентрација, помнење, говорно- јазични способности, визуелна перцепција, процена на конструктивни капацитети, на егзекутивни способности, на промени во однесување и сл.;
• индивидуално приспособени програми за когнитивен тренинг и за неврокогнитивна рехабилитација;
• психолошка евалуација т.е. процена на интелектуални спос

обности, профил на личност и сл.;
• индивидуална психотерапија;
• поддршка на семејства;
• едукација од област на клиничка невропсихологија и од останати области во домен на психологија.

За помош можете да ни се обратите:
• доколку имате било какви тешкотии во Вашето когнитивно функционирање, без разлика дали се работи за помнење, внимание, говор и сл.;
• доколку чувствувате најразлични стравови, изразена загриженост, анксиозност, доколку имате соматоформни нарушувања, лоша концентрација, нарушен сон, недостаток на волја и мотивација...;
• доколку немате психички тегоби, но сакате подобро да се запознаете себе си, да го подобрите секојдневното фукционирање, побргу да учите, да
бидете поуспешни во улогата на родител, да бидете поспонтани...;
• доколку сакате процена на интелектуалните способности, процена на структура та на Вашата личност, за профил на личноста;
• доколку доживувате интензивна трема при јавни настапи и останати слични ситуации;
• доколку имате конфликти во семејството, со професорите, на работното место...;
• доколку имате проблем во препознавање и во изразување емоции;
• доколку сте изложени на стрес и сакате да го намалите неговото влијание и да научите да го неутрализирате;
• доколку имате криза во учењето или во професионалниот развој.

Услугата можете да ја добиете во живо или он-лајн, по претходно закажување на термин на понудените контакт телефони, на и-мејл адресата или на веб страната на Когниција. Основните научни, професионални и етички начела и принципи коишто важат за психотерапијата и за советувањето во кабинет важат и за онлајн-психотерапија и онлајн-советување.

Чувајте ја својата приватност. Она што никој не го знае не може да го уништи. Приватноста не е само просто криење на инф...
13/08/2026

Чувајте ја својата приватност. Она што никој не го знае не може да го уништи.
Приватноста не е само просто криење на информации, таа е начин да си го зачувате внатрешниот мир. Кога премногу ја изложуваме својата внатрешност пред другите, им даваме можност да влијаат врз нешто што сè уште е кревко и незаштитено.
Не секој совет е грижа, не секоја љубопитност е љубов, и не секое прашање заслужува одговор.
Психолошки зрел човек разбира дека границите не се ѕидови за да ги оддалечат луѓето, тие се врати кои ги отвораме само пред оние што покажале почит, доверба и искрена намера.
Чувајте делови од себе само за себе. Не затоа што треба да се плашите од светот, туку затоа што некои работи растат најдобро во тишина. Понекогаш најсилната заштита не е објаснувањето, туку мудриот избор кому да му дозволите пристап до вашиот внатрешен свет.

За среќата нема многу што да се зборува, освен дека си среќен. А за несреќата можеме без прекин да зборуваме. Ја анализи...
11/08/2026

За среќата нема многу што да се зборува, освен дека си среќен. А за несреќата можеме без прекин да зборуваме. Ја анализираме, ја враќаме во мислите, бараме каде сме згрешиле, кој нè повредил, што можело да биде поинаку... Понекогаш толку долго живееме во сопствената болка, што таа почнува да ни изгледа како единствената вистина.
Но, од психолошка гледна точка, човекот не страда само од она што му се случило, туку и од значењето што му го дава на тоа што му се случило. Настанот можеби не можеме да го промениме, но начинот на кој ќе го носиме во себе, можеме.
Несреќата бара одговори. Среќата бара присуство.
Кога сме несреќни, сакаме да разбереме зошто. Кога сме среќни сакаме едноставно да бидеме таму. И можеби токму затоа болката звучи погласно од радоста.

А зрелоста не е во тоа никогаш да не бидеме несреќни. Зрелоста е да научиме дека несреќата е чувство, а не идентитет. Да можеме да кажеме: "Тешко ми е", без да заклучиме: "Мојот живот е тежок."

Декадентно однесување или морално, општествено или културно опаѓање, поврзано e со прекумерност, раскалашеност и губење ...
10/08/2026

Декадентно однесување или морално, општествено или културно опаѓање, поврзано e со прекумерност, раскалашеност и губење на традиционалните вредности.
Сè почнува со нешто што носи силно задоволство: забава, с**с, алкохол, купување, внимание од други луѓе, храна, ризик или постојана возбуда. Мозокот учи: "Ова ми прави добро." Однесувањето станува начин за регулирање на расположението. Човекот почнува да го користи задоволството за да се справи со досада, стрес, осаменост или незадоволство. Но, постепено се зголемува потребата за стимулација. Она што порано било доволно веќе не е. Неопходни се повеќе, почесто или поинтензивни искуства за да се добие истиот ефект. Долгорочните последици се потиснуваат. Човекот почнува да мисли: "Ќе се занимавам со тоа утре." Моменталното задоволство победува над долгорочните цели.

Проблемот не е нужно во количината на задоволство, туку во неговата функција. Понекогаш човек ужива во добар живот затоа што е задоволен и слободен. Но, понекогаш постојано му требаат нови задоволства за да не почувствува празнина, тага, досада или бесмисленост.

"Можеби има нешто што не го гледам?"Токму тука се случува промената. Од потреба да бидеме во право, кон желба да разбере...
08/08/2026

"Можеби има нешто што не го гледам?"
Токму тука се случува промената. Од потреба да бидеме во право, кон желба да разбереме. Од осуда кон љубопитност. Од борба со светот, кон мир со сопственото место во него.

Човекот со тесен видик често го доживува својот личен начин на гледање како единствено исправен. Тој гледа само дел од сликата, но реагира како да ја гледа целината. Цената што ја плаќа е голема: повеќе конфликти со другите ("само јас сум во право"), поголема анксиозност ("ако не е по мое, нешто не е во ред"), чувство на загрозеност од различностите...
Кога човек почнува да гледа пошироко, тој развива психолошка флексибилност. Може да прифати дека постојат и други искуства, други вистини и други начини на постоење. Со тоа се намалува внатрешниот притисок. Не мора постојано да се брани сликата за себе. Вистината е поголема од нашето искуство.

"Кога жабата од бунарот би излегла на брегот на океанот, би ја изгубила својата надменост.“

Поседувањето материјални вредности, вклучително и пари, само по себе не е лошо. Напротив, парите се важен ресурс кој ни ...
07/08/2026

Поседувањето материјални вредности, вклучително и пари, само по себе не е лошо. Напротив, парите се важен ресурс кој ни овозможува сигурност, слобода на избор и можност да се грижиме за себе и за другите. Проблемот не настанува од самото поседување, туку од односот што го развиваме кон нив.
Кога парите престануваат да бидат средство за подобар живот и стануваат мерка за човечка вредност, тогаш се нарушува внатрешната рамнотежа. Човекот почнува да се идентификува со она што го има, наместо со она што е. Ваквата замена на вредностите често создава условена самопочит, чувство дека вредам само ако имам повеќе, ако изгледам подобро... Но таквата самодоверба е нестабилна, бидејќи секогаш зависи од нешто надворешно и променливо.

Здравиот однос кон материјалното значи:
"Парите се дел од мојот живот, но тие не ме дефинираат."
Вистинската зрелост не е во тоа човекот да ги отфрла материјалните вредности, туку да знае каде им е местото.

Децата не го спасуваат бракот, тие само го откриваат она што веќе постои.Ако врската е изградена на љубов, доверба и поч...
06/08/2026

Децата не го спасуваат бракот, тие само го откриваат она што веќе постои.
Ако врската е изградена на љубов, доверба и почит, детето може уште повеќе да ги зближи партнерите. Но, ако постојат нерешени конфликти, доаѓањето на дете најчесто не ги решава, туку ги прави повидливи. Детето не е "лек" за проблемите во врската.
Стабилните бракови се стабилни без оглед на тоа колку деца имаат.

И секако ниту е коректно, а ниту здраво детето да се гледа како средство за спасување на заедницата. На тој начин врз него се става улога што не му припаѓа.

Одговорноста за квалитетот на врската останува кај возрасните, а не кај детето.
Најголемиот подарок што родителите можат да му го дадат на своето дете е здрав и стабилен однос меѓу нив.

Фото: "Семејство"
Стојан Миланов

На сите што сте некаде на одмор убаво ви е сигурно... И прекрасно е што е така...Но и нам што сме останати во Скопје ни ...
03/08/2026

На сите што сте некаде на одмор убаво ви е сигурно... И прекрасно е што е така...

Но и нам што сме останати во Скопје ни е убаво. Помалку метеж, помалку бучава, помалку брзање. Градот делува пријателски и полесен за живеење. Секојдневните работи (слободно паркинг место, празни улици, мирно кафе) ни се мали привилегии. Чувството е: "И Скопје знае да биде убаво." Имаме повеќе простор за себе, за мислите и за малите уживања. Не чувствуваме дека пропуштаме нешто, туку уживаме во една поинаква, тивка страна на летото.

Убавината не мора секогаш да биде далеку; понекогаш е во начинот на кој го гледаме местото каде што сме.

Вистината е можеби највисоката форма на интимност.Зошто е толку тешка? Буди стравови... ако некој ја види нашата вистинс...
02/08/2026

Вистината е можеби највисоката форма на интимност.
Зошто е толку тешка?
Буди стравови... ако некој ја види нашата вистинска суштина, со сите мани и рани, ќе се сврти и ќе си замине.
Вистината нè прави ранливи.
За да се даде дозвола за вистината, неопходна е психолошка безбедност, простор каде што грешките се простуваат, емоциите се валидираат и не се суди...
Прашањето не е само: "Дали ја кажувам вистината?", туку и: "Дали сум подготвен да бидам виден таков каков што навистина сум?"

Фото: Marc Shagall

Додека човек се преправа дека е нешто што не е, во него се губи убавината на она што е. Во настојувањето да се допаднеме...
31/07/2026

Додека човек се преправа дека е нешто што не е, во него се губи убавината на она што е.
Во настојувањето да се допаднеме преку туѓи модели често се губиме себе си.

Маските можат привремено да донесат прифаќање, восхит или чувство на сигурност, но истовремено создаваат тивок јаз меѓу вистинското "јас" и сликата што ја прикажуваме. Колку подолго живееме преку таа слика, толку потешко го слушаме сопствениот глас. Автентичноста не значи да бидеме совршени, туку да имаме храброст да бидеме тоа што сме, да ги прифатиме сопствените доблести и несовршености.

Постојаното одржување на фасада бара огромна ментална енергија. Мозокот е во постојна состојба на будност од страв дека "маската ќе падне" и дека вистинското "јас" ќе биде отфрлено.
Дури и кога ќе успеете да добиете одобрување, тоа одобрување се однесува на ликот што го глумите, а не на вас лично... Прифатени сте само условно.

Трошењето е емоционално пред да биде рационално.Попустите, статусот, практичноста и емоциите влијаат врз нас многу пред ...
29/07/2026

Трошењето е емоционално пред да биде рационално.
Попустите, статусот, практичноста и емоциите влијаат врз нас многу пред логиката да се вклучи во процесот.
Најдобрите финансиски одлуки започнуваат со разбирање зошто сакаме да купиме нешто, а не што сакаме да купиме.
Нашиот мозок ретко носи одлуки само со логика. Често прво се јавува емоционален импулс, а потоа умот создава рационално објаснување. Тоа не значи дека сме нерационални, туку дека одлучувањето е комбинација од емоции, искуства, навики и размислување.
Интересно е што многу луѓе купуваат кога се под стрес, осамени, вознемирени или, обратно, кога се многу среќни. Во тие моменти купувањето може да стане начин за регулирање на емоциите, а не само набавка на нешто корисно. Тоа не значи дека секое емоционално купување е погрешно, понекогаш свесно купуваме нешто затоа што нè радува.

Address

Pariska 22/11
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38976350820

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Когниција posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Когниција:

Share