тивка жена,гласна душа

тивка жена,гласна душа Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from тивка жена,гласна душа, Women's Health Clinic, Ulica 1 bb skopje, Skopje.

04/04/2026

Има денови кога дури и да дишеш е тешко.

Не затоа што ти фали воздух – туку затоа што те гуши сè.

Стануваш, готвиш, собираш, бркаш време, гасиш пожари низ домот, низ себе, низ мислите.

Ги насмевнуваш децата, иако ти не си се насмеала со денови.
Викаш, па плачеш затоа што си викала.
Чувствуваш вина – иако даваш сè од себе.

И мислиш: „Не можам веќе.“
Ама можеш.
Секој ден, одново.
И кога телото те боли, и кога душата се лизга.
И кога сите чекаат нешто од тебе – а ти не знаеш што ти самата сакаш.

Можеш, бидејќи си жена.
Можеш, бидејќи љубиш.
И можеш, бидејќи некој мал, некој покрај тебе – верува во тебе и тогаш кога ти не веруваш во себе.

Не секој ден е светол. Но секој ден е твој.

Продолжуваш, не затоа што е лесно – туку затоа што твоето срце не знае поинаку освен да сака, да се бори, да постои.

И не заборавај:
Не си сама.
Ако си ја читала оваа приказна со грутка во грлото – таа е за тебе.
Продолжи. Уште еден чекор. Уште едно утро. Ти можеш.

Телото ти зборува да застанеш, срцето шепоти „доста е“,
а солзите доаѓаат без најава.

И тогаш – кога сите замолкнуваат, кога и ти самата си тивка –
се слуша еден глас.

Не глас што се слуша со уши.
Туку оној внатрешниот, што доаѓа од длабочината каде живее Бог.

📖 „Не се плаши, Јас сум со тебе.“

И не знаеш како, ама стануваш.
Со празни раце, но полно срце.
Со немоќ, но со сила што не е од тебе.

Продолжуваш – не затоа што си супер жена.
Туку затоа што веруваш.

Веруваш дека некој ги брои твоите солзи.
Дека твојата болка не е залудна.
Дека има смисла, дури и кога ти не ја гледаш.

🙏 Со вера во Бога – правиш чекор по чекор.
Без гаранции, ама со мир.
Без патоказ, ама со доверба.

Затоа, ако го читаш ова и те боли –
подигни ги очите кон небото.
Твојот пат е воден од рака што никогаш не пушта.

✨ И запомни: не одиш сама.

18/03/2026

Зошто остануваме во токсична врска?

Токсичната врска не започнува како таква. Почнува со убави зборови, ветувања, моменти што нè прават среќни. Но со тек на време, нешто почнува да се менува. Стануваме тажни, несигурни, повредени – и покрај сето тоа, остануваме. Зошто?

Прво, многумина од нас не препознаваат токсичност веднаш. Критиките маскирани како „само грижа“, љубомората како „љубов“, контролата како „заштита“ – се работи што на почеток делуваат како грижа, но со време стануваат притисок. Кога токсичноста се вовлекува полека, не ја забележуваме додека веќе не сме длабоко внатре.

Втора причина е ниската самодоверба. Кога некој постојано ни вели дека „не вредиме“, „никој друг нема да нè сака“, или „сè е наша вина“, почнуваме да веруваме во тоа. Остануваме затоа што мислиме дека тоа е најдоброто што можеме да го имаме.

Понекогаш, се плашиме од промената. Иако сме несреќни, мислиме дека не можеме да започнеме одново. Осаменоста, неизвесноста и стравот од иднината се посилни од желбата да се ослободиме.

Стравот од осаменост може да биде многу силен. Кога сме во токсична врска, може да се чувствуваме дека нема друг избор, дека никој друг нема да нѐ сака или дека не заслужуваме подобро. Овој страв може да нѐ спречи да го напуштиме односот, бидејќи ни се чини дека барем не сме сами.

Кога не веруваме во својата вредност или имаме низок самопочит, може да се чувствуваме како да не заслужуваме подобра врска. Тоа може да не натера да се задоволуваме со помалку од она што навистина го заслужуваме, верувајќи дека тоа е максимално што можеме да го добиеме.

Токсичните врски често се карактеризираат со емоционална манипулација, која може да води до зависност. Кога една личност постојано те манипулира, ги менува твоите емоции или те прави да се чувствуваш виновно, може да стане многу тешко да го прекинеш циклусот на зависност. Понекогаш, токсичниот партнер може да биде и „мил“, па иако има моменти на злоупотреба, тие ги замаглуваат и создаваат чувство на приврзаност.

Многумина веруваат дека, ако само бидат подобри или направат некои жртви, партнерот ќе се промени. Оваа надеж може да трае долго време и да биде силен мотив за останување во врската. Но, оваа надеж често е лажна и нереална, бидејќи личностите што се токсични не се лесно променливи, а нивното однесување може да биде длабоко вкоренето.

Кога сме силно вљубени, емоциите можат да ја замаглат нашата проценка на ситуацијата. Може да се чувствуваме како да не можеме да живееме без партнерот, без разлика на тоа како се однесува. Опсесијата со некоја личност може да нѐ направи да толерираме неприфатливо однесување, дури и ако тоа не е во наш интерес.

Во некои општества, постои голем притисок да се одржи врската по секоја цена, дури и ако е токсична. Образци како „не се откажуваш од љубовта“ или „покажи дека си силен/силна“ можат да нѐ натераат да останеме во нездрави односи и да ги потиснуваме проблемите.

Некои луѓе можеби никогаш не виделе здрави и позитивни модели на љубов. Ако се одгледувале во домаќинства со насилство или токсични односи, тие можеби не знаат како изгледа здрава врска. Тогаш може да се чувствуваат како да нема друг начин да функционираат во љубовта, бидејќи не знаат поинаку.

Во токсичните врски, особено кога има елементи на гаслајтинг (техниката на манипулација која предизвикува една личност да го доведе во прашање своето мислење и реалност), жртвата често се сомнева во своите чувства и верувања. Тоа ги прави да се чувствуваат конфузно и да останат во врската, мислејќи дека можеби тие се виновни за ситуацијата.

Сето ова, во комбинација, може да создаде сериозни пречки за напуштање на токсична врска. Важно е да се разбере дека луѓето во токсични врски не се слаби или неразумни. Често тие се жртви на сложени емоционални и психолошки механизми. Излезот од таква врска бара многу сила и поддршка, но тоа е возможно, и многу луѓе успеваат да се ослободат и да изградат подобар живот по тоа.

Исто така, љубовта не е секогаш доволна. Можеме да сакаме некого и покрај тоа што ни наштетува. Таа љубов станува навика, зависност, па дури и оправдување – „ќе се промени“, „има добри денови“, „не е секогаш така“.

Но, токсичната врска го троши духот, ја гаси светлината во нас. Затоа е важно да се препознаат знаците, да се побара помош и да се научи дека љубовта не треба да боли. Љубовта треба да гради, не да руши.

Да се оди од токсична врска не значи слабост. Напротив – тоа е чин на храброст, самопочит и надеж за подобро утре.

18/03/2026

Животот е патување полно со непредвидливи насоки, патеки и избори. Понекогаш сѐ оди лесно, патот е прав и јасен. Но, некогаш ќе се најдеме пред крстопат – момент кога мора да избереме во кој правец ќе продолжиме. Тоа не се само физички патишта, туку одлуки кои го менуваат текот на нашиот живот – избор на факултет, пријателства, професија, љубов, вредности.

Кога се наоѓаме на крстопат, природно е да се појави страв. Кога стоиш на крстопат, секоја насока изгледа различно – некоја попозната, некоја ризична, трета целосно непозната. Луѓето околу тебе можат да те советуваат, да ти посочат што би било „паметно“, но на крајот, чекорот е твој. Затоа е важно да го слушаш својот внатрешен глас. Тој ретко лаже.Страв од погрешна одлука, од непознатото, од можноста да изгубиме нешто. Но, вистината е дека токму тие крстопати нѐ градат како личности. Изборите што ги правиме во тие моменти ни го обликуваат карактерот, зрелоста и иднината.
Понекогаш, најтешкиот пат е токму оној што треба да го избереш. Не затоа што ќе биде полесно подоцна, туку затоа што преку него ќе се запознаеш себеси. Научиш ли да се соочиш со неизвесноста, тогаш веќе си победил дел од животната битка.

Има моменти кога ќе избереш погрешна насока. Ќе тргнеш, па ќе сфатиш дека тоа не било за тебе. Но тоа не е крај – тоа е искуство. Секој крстопат што не води каде што сме замислувале, сепак нѐ учи нешто вредно. Од некои патеки се враќаме посилни. Од некои – помудри. Од сите – поискрени со себе.

Најважно е да не останеме заглавени на самото место – во двоумење, страв или пасивност. Животот не чека. Дури и ако не сме сигурни, мора да тргнеме. Да се движиме. Да избереме.

На крајот, не е важно дали сме тргнале лево или десно, туку дали сме оделе со срце, со вера во себе и со желба да бидеме подобри.

Важно е да не брзаме. Да застанеме, да размислиме. Да се прашаме: Што е важно за мене? Кој пат го одразува мојот вистински јас? Наместо да бараме совршена одлука, подобро е да направиме искрен избор – оној што најмногу одговара на нашите вредности и соништа. Дури и да згрешиме, секоја патека носи лекција.

Крстопатот не е крај, туку почеток. Тој е шанса за раст, за нови хоризонти. Наместо да се плашиме од изборите, треба да ги гледаме како можност за созревање. Животот не ни гарантира сигурност, но ни дава слобода – да избираме, да учиме и да продолжиме понатаму.

26/01/2026

БОЖАНСТВЕНА ЖЕНА

Јас не сум создадена да се вклопам.
Јас сум создадена да се сеќавам
која сум,
да ги следам патиштата што ги оставив зад себе,
да одам по својот ритам,
да ги прифаќам сите свои сенки и светлини,
и да живеам со свеста дека мојата вистинска моќ е да се видам себеси.

Во мене има оган што не го кријам
и тишина што не ја објаснувам.
Научив да стојам исправена
дури и кога ме учеа да се наведнувам,
да љубам без да се губам,
да бидам нежна без да се откажам од силата.

Моите рани не се срамат,
тие ме научија како се преживува
без да се изгуби душата.
Патишта по кои се вратив кон себе
кога светот ме изгуби од вид.
Не барам засолниште,
каде и да одам, просторот се враќа со мене.
Јас сум жена што знае да создава
и да руши,
да простува без да заборава,
да си оди без да се извинува
кога љубовта не е вистина.
Не сум божица затоа што сум безгрешна,
туку затоа што избрав да бидам своја.
Каде и да одам,
одам како светлина
Не за да блескам.
туку за да не згаснам.

Ако ме видиш тивка сум,
не значи дека сум слаба,
можеби баш тогаш од петни жили
собирам нови сили
за уште една победа во животот.
Тој е начинот на кој не ги заборавам лекциите
што ме направија посилна.

И тогаш, кога мислев дека е крај,
Кога ноќта ме проголта без збор,
И од мене само остана пепел
И прашања без одговор
Чинев паднав.

Светот не застана.
Само јас исчезнав во себе,
тивка, скршена,
со срце што чукаше од навика,
не од надеж.

Горев долго,
во спомени, во разочарувања,
во љубови што не знаеја да останат.
Огнот ме зеде цела,
ми го одзеде старото име.

Но токму таму,
На дното од сопствената тишина,
Нешто одби да умре.
Од пепелта, со солзи наместо крилја
Се издигнав бавно,болно
Како феникс што прво учи
за повторно да дише.

И не се вратив иста.
Се вратив потешка, потивка
со поглед што знае
колку чини светлината.

И сега кога стојам во сенка,
знамː
јас сум доказ
дека дури и скршеното
може да се издигне.

21/01/2026

И верувам на својата интуиција,
затоа што таа зборува тивко, а никогаш не лаже.
Не вика, не убедува — само ме повлекува за ракав
кога светот е премногу гласен.
Таа знае пред мене.
Знае кога срцето се стега без причина,
кога нечија насмевка е врата што не треба да ја отворам,
кога тишината е побезбедна од одговор.
Таа не ме спасува —
само ме подготвува.
Ме учи да ги препознавам заминувањата
пред да станат зборови,
да ја почувствувам празнината
додека сè уште е полна.
Интуицијата нема докази,

но има траги —
во кожата, во стомакот, во оној немир
што не ми дава да одам против себе.
Интуицијата ме повлекува кон сенките што не се гледаат,
кон работите што не се кажуваат.
Таа е тивок шепот во сред темнина,
што ми открива колку сам сум бил покрај луѓето
што одамна се разлетале низ ветровите на сопствените стравови.
Јас сум научен да се сомневам,
но таа е останата дива.
И кога сите патокази се избришани,
јас ја следам неа.

бидејќи никогаш не ме однела
подалеку од она што сум.

Ти натежнала, чиниш камења носиш,
ама морало да тежи за да сфатиш.
Болката ќе те разбуди,
ќе ти ги отвори очите кон она што долго си го занемарувал,
ќе ти покаже пат што само тивкото срце го знае.

20/01/2026

Душата боли

Душата боли поинаку од телото. Не вреска, не крвари, не бара помош на глас. Боли тивко, во тишината на ноќта, во зборовите што никогаш не се изговориле, во прегратките што недостасуваат.
Тоа е болка што не ја лечи апче, ни сон. Болка што се носи со себе во секој здив, во секој поглед кон нешто што потсетува на она што било... или можело да биде. Душата боли кога срцето сака, а не може. Кога верува, а се разочара. Кога чека, а не доаѓа никој.
Но, и покрај сè, душата е силна. Таа знае да претрпи, да премолчи, да се исцелува сама – ден по ден. Затоа што колку и да боли, таа сè уште верува во светлина. И во луѓе што ќе ја допрат без да ја повредат.
Душата боли... кога премногу дала, а премалку добила. Кога љубовта не ѝ била вратена, а вербата ѝ била изиграна. Боли кога мора да се преправа дека е добро, додека внатре сè се распаѓа. Кога секој ден станува битка со невидливи рани и тешки мисли што не знаат за пауза.
Боли кога мораш да бидеш силен за другите, додека сам тивко се кршиш. Кога никој не гледа колку се обидуваш да останеш свој, а светот постојано те менува.
Душата боли и кога се смееш, затоа што некогаш смеата е само маска.
Но таа болка – иако тивка и длабока – е и потсетник дека душата чувствува. Дека е жива. И дека каде што има болка, има и сила. Има и надеж. Душата знае да преживее и тогаш кога мислиш дека сè е изгубено. Затоа што нејзината светлина никогаш не згаснува – само понекогаш трепери.
Некои луѓе не се појавуваат случајно. Тие носат нешто во себе што зборува на јазик што само твојата душа го разбира. Не мора да помине многу време, ниту многу зборови. Доволен е еден поглед, една тишина, едно чувство што не можеш да го објасниш, а знаеш дека е вистинско.
Душата близначка не значи совршенство. Таа не е безгрешна, не е секогаш тивка, ниту секогаш тука. Но кога е тука – чувствуваш мир. Себеси. Топлина што не бара ништо, а дава сè. Сигурност во свет полн со несигурности.
Препознај ја својата душа близначка по тоа што не мораш да се криеш од неа. Со неа си цел. Таа те гледа и таму каде што ти самиот себеси се губиш. И кога ќе ја најдеш – не ја пуштај. Затоа што тие средби се ретки. А кога два пламена ќе се сретнат, тие не горат... тие светат.

Address

Ulica 1 Bb Skopje
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when тивка жена,гласна душа posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share