Srce-centar za vnatresni bolesti

Srce-centar za vnatresni bolesti Прегледите и процедурите се изведуваат со претходно закажување по телефон или по и-мејл секој работен ден и сабота.

Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ е основан и функционира под раководство на Др. Горан Николов специјалист интернист-субспецијалист кардиолог.

Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ е приватна здравствена организација, основана во 2003 година, во која се извршуваат специјалистички/субспецијалистички дијагностички прегледи од областа на интерната медицина – кардиологија, гастроентерохепатологија,

нефрологија, ендокринологија, ревматологија, ангиологија.

Во центарот исто така функционира кабинети за: тироидеа, андропауза, дијабетес, периферна циркулација, хипертензија, градна болка, аритмии, нефрологија и гастроентерохепатологија.

Наша фундаментална цел е да во најкраток можен рок врз основа на сите потребни испитувања поставиме дијагноза, после што пациентот добива препорака за понатамошен третман како во домашни услови така и во болнички услови ако за тоа има индикација. Наша основна мисија е високопрофесионален, љубезен и доверлив третман на болните пациенти, и превенција од болести на здравите.

Наши основни вредности и начела се стручност, доверливост, љубезност, точност и ефикасност. Опремени сме со најсовремена опрема и со тим од експерти, универзитетски професори кои се водечки стручњаци во своите области во Република Македонија.


Прегледите и дијагностичките процедури се изведуваат по претходно закажување на телефоните +389 2 3217 016, +389 71 319 208 или по електронски пат на и-мејл адресата [email protected] секој работен ден од понеделник до петок од 08.00 до 19.00 часот како и во сабота од 09.00 –13.00 часот.

Неработни денови се недела и државните празници.

Дали лек кој со години беше во втор план повторно може да стане дел од современиот третман на срцевата слабост?🫀 Д-р Гор...
09/07/2026

Дали лек кој со години беше во втор план повторно може да стане дел од современиот третман на срцевата слабост?

🫀 Д-р Горан Николов ги анализира најновите научни докази и објаснува дали дигоксинот повторно добива клиничко значење.

Болката, вкочанетоста и отокот на зглобовите не се секогаш само последица на замор или возраста. Тие можат да бидат симп...
03/07/2026

Болката, вкочанетоста и отокот на зглобовите не се секогаш само последица на замор или возраста. Тие можат да бидат симптоми на артритис – состојба која, доколку не се препознае и лекува навреме, може да влијае на секојдневното функционирање и квалитетот на живот.

Најчести симптоми се:
• Болка во еден или повеќе зглобови
• Утринска вкочанетост која трае подолго од 30 минути
• Оток, црвенило или чувство на топлина околу зглобот
• Намалена подвижност

Раната дијагноза и соодветниот третман можат значително да го забават напредувањето на болеста, да ја намалат болката и да помогнат во зачувување на функцијата на зглобовите.

Во Срце – Центар за внатрешни болести, нашите специјалисти обезбедуваат сеопфатен пристап во дијагностицирањето и лекувањето на ревматолошките заболувања, со цел секој пациент да добие индивидуализиран план за третман и подобар квалитет на живот.

Не дозволувајте болката да стане ваша секојдневна рутина. Навремената консултација е првиот чекор кон подобро здравје.

🌐www.srce.com.mk ☎+389 2 3217 016 📱+389 71 319 208

Ендокринологија е гранка на медицината која ги проучува хормоните, „тивките гласници“ во телото кои влијаат на вашата ен...
01/07/2026

Ендокринологија е гранка на медицината која ги проучува хормоните, „тивките гласници“ во телото кои влијаат на вашата енергија, тежина, расположение, сон и метаболизам.

Мал дисбаланс во хормоните може да направи голема разлика во тоа како се чувствувате секој ден.

Затоа, состојби како замор без причина, нагло слабеење или дебелеење, забрзано срце или промени во расположението често не се само „стрес“, туку сигнал од телото дека нешто треба да се провери.

Вашите хормони секогаш „зборуваат“, прашањето е дали ги слушаме навреме. 🧬

Во текот на својата кариера, д-р Бајрактарова Прошева има работено во повеќе здравствени установи, а денес е дел од Унив...
29/06/2026

Во текот на својата кариера, д-р Бајрактарова Прошева има работено во повеќе здравствени установи, а денес е дел од Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот. Носител е на титулата Примариус, има бројни домашни и меѓународни стручни усовршувања, автор и коавтор е на голем број научни трудови и активно учествува во клинички истражувања и медицински конгреси.

Нејзината стручност, долгогодишно искуство и посветеност кон секој пациент се гаранција за квалитетна дијагностика, современ третман и индивидуален пристап.

Во Срце – Центар за внатрешни болести, веруваме дека врвната медицинска грижа започнува со врвни лекари. Затоа сме горди што д-р Татјана Бајрактарова Прошева е дел од нашиот тим.

Во текот на летните горештини, срцето работи поинтензивно за да ја регулира телесната температура. Затоа, особено ако им...
28/06/2026

Во текот на летните горештини, срцето работи поинтензивно за да ја регулира телесната температура. Затоа, особено ако имате висок крвен притисок, срцева слабост или друго кардиоваскуларно заболување, избегнувајте престој на сонце во периодот од 11 до 17 часот.

Внесувајте доволно течности, носете лесна и светла облека и не ја потценувајте појавата на симптоми како вртоглавица, забрзано чукање на срцето, отежнато дишење или болка во градите. Доколку ги почувствувате, побарајте медицинска помош.

И не заборавајте, редовната терапија никогаш не треба да се прекинува или менува без консултација со вашиот лекар, дури и кога температурите се екстремно високи.

Многу заболувања на дигестивниот систем започнуваат тивко, без јасни симптоми. Токму затоа превентивните гастроентеролош...
24/06/2026

Многу заболувања на дигестивниот систем започнуваат тивко, без јасни симптоми. Токму затоа превентивните гастроентеролошки прегледи играат клучна улога во раното откривање и навременото лекување.

Закажете преглед или консултации
🌐www.srce.com.mk ☎+389 2 3217 016 📱+389 71 319 208

Здрави и лесни рецепти за летото. Консултирајте се со нашите нутриционисти за персонализиран план за исхрана.
20/06/2026

Здрави и лесни рецепти за летото.
Консултирајте се со нашите нутриционисти за персонализиран план за исхрана.

17/06/2026

Како наглите промени на времето влијаат врз здравјето?
Др. Горан Николов

Може ли да имате предијабетес без да знаете?Да.Предијабетесот често поминува без никакви симптоми, но навременото открив...
13/06/2026

Може ли да имате предијабетес без да знаете?

Да.

Предијабетесот често поминува без никакви симптоми, но навременото откривање може да спречи развој на дијабетес тип 2.

Едноставна контрола денес може да направи голема разлика утре.
🌐www.srce.com.mk ☎+389 2 3217 016 📱+389 71 319 208

Лу 1 пакетот ги вклучува следите анализи:👉Седиментација, општа крвна слика, железо, глукоза, холестерол, триглицериди, A...
03/06/2026

Лу 1 пакетот ги вклучува следите анализи:
👉Седиментација, општа крвна слика, железо, глукоза, холестерол, триглицериди, AST, ALT, креатинин, уринарен статус.

Анализите може да се прават од понеделник до сабота од 08:00 - 12:00 часот. Потребно е пациентот да нема внес на храна во изминатите 12 часа, а може да се пие вода. Не е потребен упат од матичен лекар.

🌐www.srce.com.mk ☎+389 2 3217 016 📱+389 71 319 208

Address

3rd Macedonian Brigade Boulevard No. 45/1/2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 19:00
Tuesday 08:00 - 19:00
Wednesday 08:00 - 19:00
Thursday 08:00 - 19:00
Friday 08:00 - 18:00
Saturday 08:00 - 13:00

Telephone

+38923217016

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Srce-centar za vnatresni bolesti posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Srce-centar za vnatresni bolesti:

Shortcuts

Share