Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora"

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora"

Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora" Психолог, м-р на советодавна и клиничка психологија, Европски сертифициран гешталт психотерапевт, кариерен советник

Добредојдовте на страната на Центарот за применета психологија "Дора".
Во нашиот центар нудиме услуги од психолошко советување, индивидуална психотерапија, групна психотерапија, психотерапија на парови, психотерапија за деца и родители, психодијагностика.
Услугите се достапни на македонски, албански и турски јазик.

Заведувањето не е: „Ќе направам сè за да ме посакаш.“Не е ниту: „Ќе ти покажам колку сум секси.“Вистинската заводливост ...
19/09/2026

Заведувањето не е: „Ќе направам сè за да ме посакаш.“
Не е ниту: „Ќе ти покажам колку сум секси.“

Вистинската заводливост остава простор за другиот да те забележи.Да стане љубопитен за тебе. Да посака да се приближи. Да се прашува што има уште зад она што му го покажуваш.

Не мора да ја пополниш секоја тишина, ниту пак да ги откриеш сите карти.
И не мора да проверуваш дали си оставила доволно силен впечаток.

Затоа што заведувањето не е убедување. Тоа е покана.

Заведувањето е уметност што можеш да ја научиш ако сакаш.

"Секси и сензуална" почнува на 06.10.

За сите информации пиши ми во DM: Секси и сензуална.

Колку пати си кажала повеќе отколку што навистина си сакала?Си објаснувала. Дообјаснувала. Си се обидувала да бидеш прав...
17/09/2026

Колку пати си кажала повеќе отколку што навистина си сакала?

Си објаснувала. Дообјаснувала. Си се обидувала да бидеш правилно разбрана. Да не оставиш простор другиот да те сфати погрешно.

А можеби токму во тој простор живее нешто многу заводливо.

Можеби не мора секоја твоја мисла да биде секогаш кажана.
Не мора секое чувство да биде преведено во зборови.
Не мора секој твој поглед да добие објаснување.

Постои нешто моќно во жена која може да ја издржи тишината.

Таа не брза да се открие целата. Таа знае дека нејзиниот внатрешен свет не е нешто што мора веднаш да му го предаде на другиот.

Таа може да биде блиску до него, а сепак да остане своја.

Тогаш останува прашањето:

„Која е оваа жена што сè уште не сум ја запознал целосно?“

Раната пријава по рана цена "Секси и сензуална" трае уште еден ден. Ова ти е последна можност да се приклчиш по оваа цена.

Пиши ми во DM и ти ги давам сите информации.

Ако секој пат кога се кога тој ќе се олади и замине од тебе ти текнува "загубата" да ја компензираш со уште еден добар с...
16/09/2026

Ако секој пат кога се кога тој ќе се олади и замине од тебе ти текнува "загубата" да ја компензираш со уште еден добар сертификат, уште една амбиција, уште еден егзотичен одмор, уште една забава со пријателките кадешто ќе имаш секси фотки, тогаш тоа е исто како да се обидуваш жедта да ја изгасиш со храна.

Сето тоа привремено ќе ти помогне. Ќе се чувствуваш подобро. Се до следната слична ситуација. И на крај ќе се прашаш: Па до кога ќе го правам ова? До кога нема да бидам доволно добра?

Се до тогаш кога нема да се сетиш ја видиш НЕА во тебе. Твојата моќна ЗМИЈА. Таа што не прави ништо посебно за да освојува, да се докажува или да објаснува.

Ако сакаш да престанеш да го бркаш и тој да почне да доаѓа кај тебе, пиши ми во DM СЕКСИ И СЕНЗУАЛНА и ти ги давам сите информации за програмата.

Раната пријава со рана цена трае до 18.09.

Твојата сензуалност не ја интересираат твоите успеси, инвестиции во личен развој и изглед. Твојата сензуалност си постои...
15/09/2026

Твојата сензуалност не ја интересираат твоите успеси, инвестиции во личен развој и изглед.

Твојата сензуалност си постои. Така самата од себе. Во твоето седење, во твоето говорење, во твоето одење. Таа постојано се движи и ништо не ја сопира. Единствено можеби ја сопираш ти и и ставаш оклопи.

Тргни и го оклопот.

Раната пријава за СЕКСИ и СЕНЗУАЛНА е отворена.

До 18.09. со рана цена.

Пиши ми во DM: Секси и сензуална.

Нејзе ти ја забранија. Ја забранија многу пред твоето раѓање. Многу пред твоите блиски предци. Ја забранија и ја запалиј...
14/09/2026

Нејзе ти ја забранија. Ја забранија многу пред твоето раѓање. Многу пред твоите блиски предци. Ја забранија и ја запалија. Таа забрана се пренесуваше низ цели генерации додека да стигне до тебе и до твоето тело.

Забраната трае и постои се уште до денес. Постои на многу суптилни нивоа. Во твојата грутка во грлото секогаш кога ќе си дозволиш уживање, во твоите гради, ги кочи твоите нозе кога сакаш да тргнеш напред. Кога сакаш да го пуштиш телото слободно да лебди во блаженството. Но те чека да ја освестиш и да ја запознаеш. Чека да го тргнеш "бетонот" над неа и да ја ослободиш.

Чека да ја видиш нејзината магија и да направиш чуда во твојот живот.

Раната пројава за мини програмата "Секси и сензуална" е отворена.

Пиши ми во DM "Секси и сензуална" и ти ги давам сите информации.

Не станува збор за тоа да ги привлечеш сите погледи. Туку да ја промениш енергијата во просторијата без да мораш  изусти...
11/09/2026

Не станува збор за тоа да ги привлечеш сите погледи. Туку да ја промениш енергијата во просторијата без да мораш изустиш ниту еден збор. А ако веќе мораш, кажаното да тежи од твојата енергија.

Стабилната спонтаност, внатрешниот мир и свесноста за сопствената вредност го имаат најгласниот ехо-ефект. Мечтаеш за внимание, но она што навистина ги остава сите без зборови е чистото совпаѓање на самопочитта со грациозност и сето тоа станува неверојатно секси.

​Програмата „Секси и сензуална“ започнува на 06.09!
За рана пријава и промотивна цена, испрати ми ја порака „Секси и сензуална“ во DM.

Како жена не се создаваш самата од себе. Се создаваш и се запознаваш себеси во односите со значајните други луѓе. Иако п...
07/09/2026

Како жена не се создаваш самата од себе. Се создаваш и се запознаваш себеси во односите со значајните други луѓе. Иако првите доживувања за себе се формираат во односот со родителите, а особено во односот со мајката, тој процес не завршува овде. Тој продолжува да трае низ целиот живот, а жената во тебе постојано се реобликува и ресоздава низ новите искуства.

Клучно место во тој процес заземаат твоите искуства во релациите со мажите. Начинот на кој си била гледана, посакувана, сакана, одбивана, почитувана или повредувана остава трага врз начинот на кој подоцна ја доживуваш сопствената женственост и сексуалност.

Некои односи те учат слободно да го покажуваш она што го сакаш. Други те учат да се повлекуваш, да се контролираш или да криеш делови од себе. Со некои мажи можеби си открила сензуалност за која претходно не си знаела дека ја имаш, додека покрај други си научила дека е побезбедно да не бидеш „премногу“ — премногу сексуална, премногу слободна, премногу гласна во своите желби.

Затоа жената која си денес не е само резултат на она што ти се случило во детството. Во неа живеат и трагите од сите подоцнежни односи во кои си сакала, си била посакувана, си се разочарала, си се срамела, си се ослободила или си открила некоја нова верзија од себе.

Што е жена? Дали си се запрашала што значи да бидеш жена? И каква жена си ти? Но, ако почнеш да го бараш одговорот со ка...
04/09/2026

Што е жена? Дали си се запрашала што значи да бидеш жена? И каква жена си ти? Но, ако почнеш да го бараш одговорот со каква би ТРЕБАЛО да бидеш за да бидеш жена, тогаш повторно не си жена. Тогаш повторно можеме да зборуваме само за твојата улога на ЖЕНА, каква што се очекува дека треба да биде.

Но твојата вистинска жена внатре во тебе е само твоја и таа има полно особини, аспекти и потреби.

Еден важен аспект е твојот однос кон телото и како се чувствуваш во него.

Затоа наскоро ја започнуваме мини програмата ,,Секси и сензуална".

Не каква што треба да биде таа во тебе. Туку да ја запознаеш таква каква што е и да и дозволиш да ужива.

Во одредена мера некогаш луѓето одлучуваат да (не) преземат одговорност за заеднички живот, зависно од тоа колку сметаат...
31/08/2026

Во одредена мера некогаш луѓето одлучуваат да (не) преземат одговорност за заеднички живот, зависно од тоа колку сметаат дека ќе ги чини нивниот личен живот или комфорната зона во којашто се наоѓаат.

Заљубеноста не бара конкретна одговорност и акција, таа е насочена исклучиво кон уживањето во присуството на другата личност.

Она што вообичаено се нарекува "себичност" кај мажите има сосема поинакво објаснување низ еволуциската призма. Се работи...
29/08/2026

Она што вообичаено се нарекува "себичност" кај мажите има сосема поинакво објаснување низ еволуциската призма. Се работи за всушност нормализирано уживање во сопствената автономија и ориентираност кон создавање резултати.

Од друга страна, кај жените се работи за "нормализирано" преземање на одговорност и грижа.

Кога еден презема поголема грижа, другиот научува дека околината е "подмирена" и дека може да се посвети на себд и она што му е нему важно.

Невропластичноста се формира во рамки на искуствата и социјалните пораки кај двата пола.

Функцијата што мозокот не ја употребува како функција, постепено "изумира".

Address

Улица Разловечко востание бр. 4-7/6
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora":

Share