КОНТАКТ3-Центар за советување,психотерапија,личен раст и развој

  • Home
  • Macedonia
  • Stip
  • КОНТАКТ3-Центар за советување,психотерапија,личен раст и развој

КОНТАКТ3-Центар за советување,психотерапија,личен раст и развој 📌Советување и психотерапија за деца,млади и возрасни
👉со физичко присуство и онлајн

10/09/2026
26/08/2026

👉👉Тргнувањето на училиште е голем чекор за секое дете, но и за секој родител!

Овој период носи многу возбуда, но и сосем природни дилеми и страв.

​Неколку совети за полесен почеток:

​1️⃣ Слушајте: Разговарајте за сите чувства — сосем е во ред детето да има трема.
2️⃣ Вежбајте самостојност: Оставите го детето само да ги врзе патиките, закопча јакната и спакува ранецот.
3️⃣ Вратете ја рутината:
Почнете со ран сон и будење за подобро расположение наутро.
4️⃣ Без притисок: Секое дете учи со свое темпо — пофалете го трудот, а не само резултатот.
5️⃣ Зборувајте со радост: Опишете го училиштето како место за нови другарчиња и забава.
6️⃣ Соработувајте со наставникот: Вашата доверба во наставникот му дава сигурност и на детето.

​Вашата смиреност е најголемата поддршка! 💛

​🤝 За стручна помош:
Доколку овој период носи зголемена загриженост, бурни реакции или потешкотии кај вашето дете (или кај вас), стручната поддршка може многу да го олесни процесот.
​📌 За закажување и консултација пишете во порака или на тел: 078/476 466

👉👉ЗОШТО НИ Е ПОТРЕБНА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА?Како што се грижиме за телото, така е важно да се грижиме и за она што се случува...
25/08/2026

👉👉ЗОШТО НИ Е ПОТРЕБНА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА?

Како што се грижиме за телото, така е важно да се грижиме и за она што се случува во нас.

📌Да застанеме.
📌Да ги забележиме мислите.
📌Да ги препознаеме емоциитe.
📌Да си дадеме простор.

Менталната хигиена започнува со малку време посветено на себе. 🤍

📖 10 -ДНЕВЕН ДНЕВНИК ЗА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА👉Овој 10-дневен дневник е практичен водич со едноставни вежби и техники  за:​✨ Н...
23/08/2026

📖 10 -ДНЕВЕН ДНЕВНИК ЗА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА

👉Овој 10-дневен дневник е практичен водич со едноставни вежби и техники за:
​✨ Намалување на анксиозноста
✨ Развивање внатрешен мир
✨ Секојдневна грижа за менталното здравје

​💬 Биди искрен, пишувај слободно — ова е твојот безбеден простор🧡

💌Доколку сакате да го набавите дневникот – пишете во порака!

#ДневникЗаМенталнаХигиена #ГрижаЗаСебе

АНКСИОЗНОСT - ШТО  Е ТОА?👉Анксиозноста е природна реакција на нашиот организам кога чувствуваме дека нешто е опасно, неи...
21/08/2026

АНКСИОЗНОСT - ШТО Е ТОА?

👉Анксиозноста е природна реакција на нашиот организам кога чувствуваме дека нешто е опасно, неизвесно или надвор од наша контрола.
Не значи дека со нас „нешто не е во ред“. Таа е начин на кој телото се обидува да нè заштити.

Може да ја почувствуваме како:

🧠 Мисли: „Што ако нешто тргне наопаку?“ „Ќе успеам ли?“

❤️ Телото: забрзано срце, стегање, потење, тресење, напнатост

😟 Емоции: страв, немир, раздразливост, несигурност.

🚪 Однесување: избегнување, повлекување, постојано проверување или потреба сè да биде под контрола.

Анксиозноста сама по себе не е непријател.

Понекогаш ни кажува:
„Застани. Нешто во тебе има потреба од внимание.“
Проблемот настанува кога анксиозноста станува толку силна или честа што почнува да го ограничува нашиот живот.
Затоа, целта не е никогаш да не чувствуваме анксиозност.
Целта е да научиме да ја препознаеме, да ја разбереме и да останеме со себе дури и кога е присутна. 🌿
#Анксиозност #МенталноЗдравје #Емоции #Самосвест #Поддршка

👉Колку пријатели ни се навистина потребни? Не е важно колку луѓе имаме околу себе, туку со кого можеме да бидеме свои, д...
19/08/2026

👉Колку пријатели ни се навистина потребни?
Не е важно колку луѓе имаме околу себе, туку со кого можеме да бидеме свои, да споделиме, да бидеме слушнати и прифатени.

Имав можност за ФАКТОР - faktor.mk да споделам свое професионално гледиште за значењето на пријателствата, поврзаноста и влијанието на социјалните односи на нашето ментално здравје.

https://faktor.mk/da-imaat-golema-mreza-na-prijateli-mnogu-vazno-za-gruzijcite-nevazno-za-ukraincite-a-shto-e-so-makedoncite

Да имаат голема мрежа на пријатели е многу важно за 17 отсто од анкетираните млади Македонци. Ова го покажува истражувањето на Фондот за население на Обединетите на....

08/08/2026

🌞 Зошто топлото време може да ја засили анксиозноста?

Во жешките денови телото природно реагира со забрзана работа на срцето, потење, чувство на немир, вртоглавица или отежнато дишење.
Овие реакции многу потсетуваат на симптомите на анксиозност, па мозокот лесно може да ги протолкува како знак дека нешто не е во ред.
🌿Високите температури, дехидратацијата и неквалитетниот сон можат дополнително да ја зголемат чувствителноста на организмот и да го засилат чувството на вознемиреност.

👉👉Понекогаш најважното што можеме да си го дадеме е малку повеќе разбирање и грижа. 🧡

👉👉 Подготовка за училиште на првачиња и деца на кои им е потребна дополнителна поддршка при адаптација во училишната сре...
23/07/2026

👉👉 Подготовка за училиште на првачиња и деца на кои им е потребна дополнителна поддршка при адаптација во училишната средина.
👉👉Штип и Македонска Каменица
👉👉Индивидуални сесии

Address

Boris Kidric 9/14
Stip
2000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when КОНТАКТ3-Центар за советување,психотерапија,личен раст и развој posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share