Д-р Александар Мишев

Д-р Александар Мишев Носител на советничка листа на коалицијата „Најдобро?

15/08/2022

Булеварот „Гоце Делчев“ се рехабилитира со средства обезбедни преку Јавното претпријатие за одржување на регионалните и магистрални патишта, во соработка со Министерството за транспорт и врски. Оваа инвестиција е во висина од 20 милиони денари.

Додека локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овие десет месеци ниту денар нема вложено во изградба на нова и безбедна патна инфраструктура, Штип продолжува да се развива и модернизира преку инвестиции во патната инфраструктура, со целосна поддршка од Владата предводена од СДСМ.

Со државни средства досега се реконструираа:
• Улица „Панче Караѓозов“ во вредност од близу 10 милиони денари.
• Крстоснциа во населба Сењак со вкупна вредност од 11 милиони денари.
• Пешачките конзоли во вредност од 9 милиони денари.
• Изградба на брана на река Отиња, со инвестициона вредност од 306 милиони денари.
• Со поддршка на централната власт, штипјани денес пијат вода од ХС „Злетовица“ со инвестиција над 300 милиони денари,
• 100 милиони евра инвестици во изградба на модерни експресни патишта, од кои експресен пат Штип-Радовиш со 64 милиони евра, како и експресниот пат Штип-Крупиште-Кочани со вкупнa инвестиција од 38,5 мил денари.

И во време на глобална економска криза продолжуваме да реализираме проекти во интерес на граѓаните и севкупниот напредок на Општина Штип кој претставува центар на Истокот.

Среќен Ден на ослободувањето, граду наш најсакан.Среќен Осми Ноември, Штип.
08/11/2021

Среќен Ден на ослободувањето, граду наш најсакан.
Среќен Осми Ноември, Штип.

Денеска е празник на демократијата 🇲🇰Денеска ние граѓаните одлучуваме за патот по кој ќе оди нашата општина во наредните...
17/10/2021

Денеска е празник на демократијата 🇲🇰
Денеска ние граѓаните одлучуваме за патот по кој ќе оди нашата општина во наредните четири години.

Го искористивме нашето граѓанско право и дадовме поддршка за уште поголем напредок во градот и државата ✅

Излези и гласај 🗳

Убаво беше чувството вечерва да се биде помеѓу граѓаните од УЗ Славчо Стојменски.Граѓаните се нашиот ветар во грб, нашио...
15/10/2021

Убаво беше чувството вечерва да се биде помеѓу граѓаните од УЗ Славчо Стојменски.

Граѓаните се нашиот ветар во грб, нашиот мотив за да го дадеме најдоброто од себе за нашата општина.

Изберете го најдоброто за вас, за вашата општина, за нашата татковина.

Гласајте во недела, гласајте за Најдоброто. Гласајте за 12 за д-р Сашко Николов, да продолжиме силно напред.

Благодарам мои драги штипјани за огромната поддршка која ми ја давате.✅Жителите од населба Баби се задоволни од досега с...
15/10/2021

Благодарам мои драги штипјани за огромната поддршка која ми ја давате.

✅Жителите од населба Баби се задоволни од досега сработеното, но и од нашите проекти кои се зацртани за оваа населба.

✍️Во недела масовно излезете и заокружете го бројот 1️⃣2️⃣ за да продолжи развојот и просперитетот на Штип.

Немаме простор и време за поправен испит.

✊Во недела изберете го НАЈДОБРОТО ЗА ШТИП.

15/10/2021

Проследете ја денешната прес-конференција
👇👇

✅Сега е момент за одлука.
Одберете го најдоброто за вас и вашите деца!

👉Во недела секој од нас ќе направи одлука од која зависи во кој правец ќе се движи Штип во наредните четири години.

👉Сите заеднички мораме да се вложиме и да се осигураме дека нашиот град ќе продолжи да се движи по патот на успесите и напредокот, по патот на кој го води СДСМ.

🚫Да не дозволиме Штип да ни залута по бесперспективните ќор-сокаци кои ги паметиме од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

📺На денешната прес конференција упатив апел и повик за гласање во недела.✅Во недела, ние граѓаните да го кажеме своето, ...
15/10/2021

📺На денешната прес конференција упатив апел и повик за гласање во недела.

✅Во недела, ние граѓаните да го кажеме своето, да го обезбедиме штипскиот пат напред и да им го свртиме грбот на деструктивните сили.

✅За нашите успеси да продолжат, да продолжат успесите на нашата држава и во секоја општина да го донесеме најдоброто!

#НајдобротоЗаМојатаОпштина
#сашкозаштип
1️⃣2️⃣

15 Октомври е Меѓународен ден на слепите и слабовидните лица - Денот на белиот стап.Мисијата на 15 октомври--Меѓународни...
15/10/2021

15 Октомври е Меѓународен ден на слепите и слабовидните лица - Денот на белиот стап.

Мисијата на 15 октомври--Меѓународниот ден на Белиот стап е да му покаже на светот дека и со слепилото се може, да покаже како слепите и слабовидните лица ширум светот живеат, работат, и независно придонесуваат за својата заедница.

Во нашата држава за прв пат , овие лица имаат можност да користат функционална, современа алатка на својот мајчин јазик, која им овозможува поголема независност во секојдневниот живот.

Ќе се бориме за социјална праведност и солидарност за лицата со оштетен вид да ги остварат своите права на социјална вклученост.

✊Победничка Автокоманда!🤝Граѓаните знаат дека со СДСМ е сигурно, со СДСМ патот е трасиран кон подобрување на условите за...
14/10/2021

✊Победничка Автокоманда!

🤝Граѓаните знаат дека со СДСМ е сигурно, со СДСМ патот е трасиран кон подобрување на условите за живеење во населба Автокоманда.

✅Одиме на победа во прв круг за да продолжиме да го развиваме Штип онака како што заслужува!

#најдобротозаштип
#сашкозаштип
1️⃣2️⃣

Денес имав средба со членовите на Здружението на глуви и наглуви лица.Заштитата на правата и подобрување на квалитетот н...
14/10/2021

Денес имав средба со членовите на Здружението на глуви и наглуви лица.

Заштитата на правата и подобрување на квалитетот на живот се приоритетите на лицата од ова здружение.

Тие се рамноправни со сите останати и заслужуваат еднакви права и можности.

Градиме општество еднакво за сите.
Нашата законска регулатива предвидува целосна инклузија на децата во предучилишното образование, а наша задача е да создадеме услови тоа и практично да се реализира.

13/10/2021

Денес учествував во акцијата за чистење и уредување на кошаркарското игралиште во населба 8ми ноември заедно со младите од ЛК СДММ Штип и дел од кандидатите за советници.

Покрај чистењето и уредувањето на просторот, беше заменет и стариот и дотраен кош и табла со комплетно нов.

Како Совет ќе продолжиме да бидеме партнер на спортот и спортистите во градот.

Покрај акцијата, времето го искористивме и за една партија баскет.

Со цел да го поттикнеме здравиот начин на живот и промена на секојдневните навики, во иднина ќе вложуваме во нови спортски терени и игралишта.

13/10/2021

📍Се наоѓаме пред најголемиот капитален проект за Штип- браната на река Отиња.

✅Инвестиционата вредност од 306 милиони денари согласно склучените договори за изведба и надзор, средства обезбедени од буџетот на министерството за Транспорт и врски.

👉Го најавив денес проектот за уредување на крајбрежниот простор на браната на река Отиња, во вредност близу 21 милион денари.

👉За нашиот град ова ќе отвори нова можност за економски развој и напредок, чиста животна средина и место за рекреација.

✅Ве повикувам сите граѓани, на 17 октомври да го изберете бројот 12, да го изберете најдоброто за Штип, најдоброто за вас и вашите деца.

Address

Stip

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Д-р Александар Мишев posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Д-р Александар Мишев:

Shortcuts

Share

Category