PZU Arnika / ПЗУ Арника

PZU Arnika / ПЗУ Арника Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from PZU Arnika / ПЗУ Арника, Family doctor, Панче Пешев бр. 26, Strumica.

23/07/2026

Почитувани пациенти,
ве известуваме дека во периодот 07.08.2026 до 14.08.2026 д-р Ана Цамбулева ќе биде отсустна поради користење на годишен одмор.

Ги замолуваме пациентите кои во тој период треба да се јават на Комисија за туѓа помош и нега и пациентите кои планираат да патуваат во странство и имаат потреба од потврди за користење хронична терапија, да се јават во амбуланта за комплетирање на истите.

Со почит,
Тимот на ПЗУ Арника 🌼

02/07/2026

Почитувани пациенти, од вчера стапи во примена нова одлука за изменување и дополнување на листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на РСМ.
Ве молиме за трпение кон матичните лекари и аптеките за издавање на лекови додека се изрегулира сѐ според новиот закон и навремено наоѓање термини за специјалистичко потврдување на дијагнози.

Воедно:

📢 Ве известуваме дека, согласно новите измени на Листата на лекови на товар на ФЗО, кои важат од 01.07.2026 година, лекот пантопразол (Нолпаза, Зипантола) повеќе нема да може да се препишува на рецепт за најчестите индикации за кои до сега се препишуваше:
🔹 хроничен гастритис;
🔹 превентивно за заштита на желудникот при земање на други лекови (најчесто ревматолошка терапија, како и кортикостероиди).
Доколку сакате да продолжите со терапијата, лекот ќе треба да го купувате со приватен рецепт, односно како комерцијален лек.
✅ На товар на ФЗО пантопразол ќе може да се препишува само за одредени индикации, како што се:
• гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ);
• улкус (чир) на желудник;
• улкус на дуоденум;
• третман на инфекција со Helicobacter pylori, со напомена дека за ГЕРБ, улкус на желудник и улкус на дуоденум потребна е дијагноза потврдена со гастроскопија, согласно критериумите на ФЗО.
Тоа што ќе донесете извештај од специјалист или субспецијалист со препорака да се користи Пантопразол дури и да има ставено соодветна дијагноза, доколку истата не е потврдена со гастроскопија, е ирелевантно и лекот ќе биде препишан на приватен рецепт.
(Тестот е превземен)

Со почит,
ПЗУ Арника

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ✝️НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА ✝️
12/04/2026

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ✝️
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА ✝️

04/03/2026
16/12/2025

✨ПЗУ ,,Арника” врши упис на нови матични пациенти✨

Секој работен ден од 08:00 часот, ве очекуваме во нашата амбуланта на ул. ,,Панче Пешев” бр. 26, Струмица.

На приемниот преглед ве следува бесплатно:
- Медицински преглед
- ЕКГ
- Мерење крвен притисок
-Мерење гликемија
-Аускултација

Тимот на ПЗУ ,,Арника” ви посакува убав и позитивен ден исполнет со радост и музика 🍀

НЕДЕЛНА ЕДУКАЦИЈА 💡ВОДА 💦Пред летото сакаме да ве потсетиме за важноста на водата во организмот. Во летните периоди мног...
11/05/2025

НЕДЕЛНА ЕДУКАЦИЈА 💡

ВОДА 💦

Пред летото сакаме да ве потсетиме за важноста на водата во организмот. Во летните периоди многу често децата и луѓето над 60 години доаѓаат до дехидратација поради лесното испарување на вода од телото, затоа носењето шише вода е обавезателно.

Две чаши вода после будење ќе ви помогнат да се активираат внатрешните органи. Една чаша вода 30 минути пред оброк ќе му помогне на варењето. Една чаша вода пред туширање помага во намалување на крвниот притисок, а пиењето вода пред спиење ги намалува шансите за срцев и мозочен удар.

Водата може да ги спречите грчевите во нозете кои се појавуваат за време на ноќта. Имено, мускулите на вашите нозе бараат хидратација, а кога истата нема да им ја овозможите, тие се грчат и ве разбудуваат.

Без храна се може, без вода - Не!

Тимот на ПЗУ ,,Арника” ви посакува уживање во ретките свежи денови 🍀

НЕДЕЛНА ЕДУКАЦИЈА 💡Остеопороза - болест која означува губење на коскената маса и намалување на структурниот квалитет на ...
04/05/2025

НЕДЕЛНА ЕДУКАЦИЈА 💡

Остеопороза - болест која означува губење на коскената маса и намалување на структурниот квалитет на коските.

Фактори на ризик за остеопороза:

▪️Рано губење на менструацијата: по природни или хируршки причини. Колку подолго време отсуствуваат оваријалните хормони, толку повеќе страдаат коските
▪️Наследност: Пациентите со остеопороза имаат поголема веројатност да и нивните деца страдаат од истата.
▪️Исхрана: Статистички, намаленото консумирање на здрава исхрана е поврзано со повисока инциденца на остеопороза.
▪️Раса: Белите жени имаат поголема веројатност да имаат остеопороза.
▪️Нулипарност: Немањето деца го зголемува ризикот од заболување од оваа болест.
▪️Тежина: Жените со низок БМИ (индекс на телесна маса: тежина/висина) се со поголема веројатност да страдаат од остеопороза.
▪️Тутун: Статистички гледано, пушачите покажуваат поголема инциденца на остеопороза.
▪️Седентарен начин на живот: Физичката активност е извонреден стимуланс за растот на коскената маса, а одморот од друга страна го поттикнува намалувањето на коскената маса.

Секогаш е треба навремено да се спречи развивањето на одредена болест, а како најдобро ако не преку исхрана и суплементи?

Тимот на ПЗУ ,,Арника” ви посакува убаво неделно попладне 🍀

🪺Во пресрет на Велигден, одлучивме неделнава тема да биде: Јајца 🥚🍳Дали е здраво да се јадат јајца секој ден? Колку?    ...
20/04/2025

🪺Во пресрет на Велигден, одлучивме неделнава тема да биде: Јајца 🥚🍳

Дали е здраво да се јадат јајца секој ден? Колку?

Сведоци сме на сеуште присутните стари верувања дека не треба често да се јадат јајца поради присуството на холестерол.

Веруваме во митови или учиме нови работи?

Сосема е безбедно да се јадат 3-4 жолчки на ден и неограничена количина на белки. Белките имаат мал број калории (~20kcal) и 4гр протеин.

На крај, сосема е лесно да ги вклопиш јајцата во твоите секојдневни оброци, еве ви неколку примери.
Ако сакате уште идеи слободно пишете ни во инбокс, како и секогаш, веднаш ви наоѓаме решение.

Тимот на ПЗУ ,,Арника” ви посакува многу здравје, среќа и љубов 🍀

Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир, нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. Денес...
20/04/2025

Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир, нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. Денес е почеток на нов живот и денешниот празник нека ти донесе многу здравје, среќа и љубов.
Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом.

Христос Воскресе ✝️
Навистина Воскресе ✝️

Address

Панче Пешев бр. 26
Strumica
2400

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when PZU Arnika / ПЗУ Арника posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share