ПЗУ Д-р Панче Јосев

ПЗУ Д-р Панче Јосев Ординација по општа медицина со два тима предводени од д-р Панче Јосев и д-р Кирил Јосев.

02/07/2026

Почитувани пациенти, од вчера стапи во примена нова одлука за изменување и дополнување на листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на РСМ.

Воедно:

📢 Ве известуваме дека, согласно новите измени на Листата на лекови на товар на ФЗО, кои важат од 01.07.2026 година, лекот пантопразол (Нолпаза, Зипантола) повеќе нема да може да се препишува на рецепт за најчестите индикации за кои до сега се препишуваше:
🔹 хроничен гастритис;
🔹 превентивно за заштита на желудникот при земање на други лекови (најчесто ревматолошка терапија, како и кортикостероиди).
Доколку сакате да продолжите со терапијата, лекот ќе треба да го купувате со приватен рецепт, односно како комерцијален лек.
✅ На товар на ФЗО пантопразол ќе може да се препишува само за одредени индикации, како што се:
• гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ);
• улкус (чир) на желудник;
• улкус на дуоденум;
• третман на инфекција со Helicobacter pylori, со напомена дека за ГЕРБ, улкус на желудник и улкус на дуоденум потребна е дијагноза потврдена со гастроскопија, согласно критериумите на ФЗО.
Тоа што ќе донесете извештај од специјалист или субспецијалист со препорака да се користи Пантопразол дури и да има ставено соодветна дијагноза, доколку истата не е потврдена со гастроскопија, е ирелевантно и лекот ќе биде препишан на приватен рецепт.
(Текстот е превземен)

Со почит,
ПЗУ Д-р Панче Јосев

18/06/2026

Почитувани пациенти,

ПЗУ Д-р Панче Јосев Ве известува дека д-р Кирил Јосев ќе користи остаток од годишен одмор во периодот од 22.06.2026 до 25.06.2026.

Во овој период д-р Панче Јосев ќе работи двократно со работно време од 08.00 до 14.00 часот и од 18.00 до 20.00 часот. Во целиот периодот од 07.00 до 20.00 ќе има присутно медицинска сестра.

Ве молиме почитувајте го работното време.

24/02/2026

Почитувани пациенти,

Ве информираме дека поради отсуство на д-р Панче Јосев на 25.02.2026, д-р Кирил Јосев ќе прегледува со работно време од 09:00 до 17:00.
За информации ви стојат на располагање медицинските сестри во 2 смени од 07:00 до 20:00.

Ве молиме почитувајте го работното време.

01/01/2026
Денес нашиот Д-р Панче Јосев беше одликуван со Признание од Општина Свети Николе за неговиот исклучителен придонес за ја...
18/12/2025

Денес нашиот Д-р Панче Јосев беше одликуван со Признание од Општина Свети Николе за неговиот исклучителен придонес за јавното здравје.

Оваа награда е само потврда за неговиот интегритет и посветеноста кон хуманата мисија која ја извршува секојдневно.

Како здравствена установа, продолжуваме да инвестираме во посветена и квалитетна грижа за здравјето на нашите пациенти, водени од примерот на Д-р Панче Јосев.

30/11/2025

Почитувани пациенти,

Ве информираме дека поради користење на одмор на д-р Кирил Јосев во периодот од 01.12.2025 до 05.12.2025, д-р Панче Јосев од 01.12 до 03.12 ќе работи само втора смена, а 04.12 и 05.12 двократно 08-14ч и 18-20ч. За информации ви стојат на располагање медицинските сестри во 2 смени од 07:00 до 20:00.
Ве молиме почитувајте го работното време.

20/11/2025

Почитувани пациенти,

Ве информираме дека поради отсуство на д-р Кирил Јосев на 21.11.2025, д-р Панче Јосев ќе работи со работно време од 09:00 до 17:00. За информации ви стојат на располагање медицинските сестри во 2 смени од 07:00 до 20:00.
Ве молиме почитувајте го работното време.

24/09/2025

Почитувани пациенти,
Ве информираме дека д-р Панче Јосев го продолжува одморот до 03.10.2025, д-р Кирил Јосев ќе работи со работно време од 09:00 до 17:00. За информации ви стојат на располагање медицинските сестри во 2 смени од 07:00 до 20:00.
Ве молиме почитувајте го работното време.

16/09/2025

Почитувани пациенти,
Ве информираме дека поради користење на одмор од страна на д-р Панче Јосев од 17.09 до 26.09.2025, д-р Кирил Јосев ќе работи со работно време од 09:00 до 17:00. За информации ви стојат на располагање медицинските сестри во 2 смени од 07:00 до 20:00.
Ве молиме почитувајте го работното време.

Address

Улица Плоштад Илинден бр. 58
Sveti Nikole
2220

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Д-р Панче Јосев posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category