09/07/2026
📢 ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИ !!! Нови правила за препишување лекови за желудник на товар на ФЗОМ !!
Ова се однесува на лековите со генерика Пантопразол (познати под комерцијални имиња како Нолпаза, Зипантола, Аципан исл)
Согласно најновите измени од 01.07.2026та, од страна на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), воведени се строги ограничувања за препишување на редовна терапија за желудник.
Матичниот лекар повеќе НЕМА техничка можност да ги препише овие лекови на товар на ФЗО за следните состојби:
Хроничен гастритис (воспаление на желудникот).
Рутинска заштита на желудникот при земање друга редовна терапија (лекови за ревматски болести, аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекови или кортикостероиди).
Во овие случаи, лекот единствено може да се издаде со приватен "розов" рецепт!
✅ Во кои случаи лекот може да се земе на товар на ФЗО?
Системот прифаќа единствено доколку пациентот има некоја од следниве дијагнози:
ГЕРБ (гастроезофагеална рефлуксна болест), улкус (чир на желудник/дванаесетпалечно црево) или ерадикација на Helicobacter pylori.
Притоа, задолжително се бара важечки специјалистички/субспецијалистички извештај каде дијагнозата (ГЕРБ или улкус) е задолжително потврдена со Гастроскопија, согласно критериумите на ФЗО.
Доколку во системот нема заведено ваков извештај со соодветна шифра, софтверот автоматски блокира и матичниот лекар нема можност за креирање на рецепт.
Бидејќи закажувањето на гастроскопски прегледи во јавното здравство често е поврзано со долги листи на чекање, а приватните прегледи се скапи, молиме за трпение и разбирање кон вработените во ПЗУ Медика Центре.
Ова се софтверски решенија воведени директно од Фондот за здравствено осигурување кои ние мора да ги почитуваме.
Наш совет:
Бидете трпеливи. Софтверот на Мој Термин и ФЗОМ често претрпува ревизии и корекција по реакција на Лекарската комора и здруженијата на матични лекари во Македонија. Веруваме дека ќе се најде пофлексибилно решение за оваа специфична рестрикција.
Доколку имате потреба од овие лекови, закажете гастроскопија навремено пред да ви истече важноста на специјалистичкиот извештај од последниот преглед.
За сите дополнителни прашања околу вашата терапија, нашите лекарски тимови ви стојат на располагање за совети.
МЦТим се грижи за вашето здравје!