ЈЗУ Општа болница Велес

ЈЗУ Општа болница Велес Официјална страна на ЈЗУ Општа болница Велес

Кога добрината и грижата за заедницата се претвораат во конкретни дела, нивната вредност се чувствува секој ден.Благодар...
01/06/2026

Кога добрината и грижата за заедницата се претвораат во конкретни дела, нивната вредност се чувствува секој ден.

Благодарност до Inner Wheel Club Veles за обезбедениот ЕКГ апарат за Ургентниот центар. Со овој гест се создаваат подобри услови за дијагностика и грижа за пациентите, како и поддршка за медицинскиот тим во секојдневната работа.

Вашата хуманост и посветеност се навистина вредни за почит.

Вчера ја заокруживме обуката за оваа група идни родители со една поинаква и прекрасна средба во пријатна и опуштена атмо...
27/05/2026

Вчера ја заокруживме обуката за оваа група идни родители со една поинаква и прекрасна средба во пријатна и опуштена атмосфера. 🌿🤍

Наместо во болничките простории, овојпат се дружевме надвор, со многу разговори, насмевки и убави моменти.

Во текот на обуката заедно поминавме низ важни теми, споделувавме совети и искуства и се подготвувавме за најубавата животна улога — родителството.

Им благодариме на сите идни родители за довербата и прекрасната енергија.
Со нетрпение ги очекуваме и следните групи со кои ќе продолжиме да создаваме нови убави приказни. 😊

Менталното здравје во ерата на социјалните мрежи“ беше темата на едукативно предавање кое се одржа во ЈЗУ Општа болница ...
13/05/2026

Менталното здравје во ерата на социјалните мрежи“ беше темата на едукативно предавање кое се одржа во ЈЗУ Општа болница Велес реализирано од страна на др Бојана Ѓорговска- психијатар во соработка со учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“ - Велес .

Во време кога младите секојдневно живеат помеѓу реалниот и дигиталниот свет, отворениот разговор за емоциите, притисокот од социјалните мрежи, самодовербата и менталното здравје е поважен од кога било.

Преку интерактивна дискусија, учениците имаа можност да поставуваат прашања, да споделат размислувања и да слушнат стручни совети за тоа како да изградат здрав однос кон социјалните мрежи и подобро да се грижат за своето ментално здравје. 💙

Како здравствена установа, веруваме дека едукацијата и поддршката на младите се инвестиција во поздраво и посвесно општество. Благодарност до сите ученици за интересот, искреноста и активното учество.

#МенталноЗдравје #Едукација #Млади #СоцијалниМрежи #ГрижаЗаСебе #Болница #ДимитријаЧуповски

Горди сме на нашите медицински сестри кои секој ден несебично се грижат за пациентите.Среќен 12 Мај — Светски ден на мед...
12/05/2026

Горди сме на нашите медицински сестри кои секој ден несебично се грижат за пациентите.
Среќен 12 Мај — Светски ден на медицинските сестри! 🌷

Вчера во ЈЗУ Општа болница Велес имавме еден навистина значаен и убав момент – момент што значи нов почеток за многу мал...
30/04/2026

Вчера во ЈЗУ Општа болница Велес имавме еден навистина значаен и убав момент – момент што значи нов почеток за многу мали животи и поголема сигурност за идните мајки 💙

Со посетата на Project HOPE, нашето Гинеколошко-акушерско одделение доби вредна донација што директно ќе влијае на квалитетот на здравствената грижа. Новите родилни и мајчински кревети, пациент монитори и монитор за новороденчиња, вакум екстрактори, инкубатор, вормер апарат за затоплување и фототерапија, аспиратор, како и ехо и ЦТГ апарат, заедно со дополнителна опрема и инструменти за операциона сала со мобилно светло, значат подобри услови таму каде што започнува животот.

Зад оваа донација стои силна меѓународна поддршка – Project HOPE Germany, со главен донатор Sternstunden e.V., како и Bärenherz Stiftung, BD (Becton Dickinson) Philips, кои заеднички вложуваат во подобро здравство и посигурна иднина.

На настанот присуствуваа и се обратија Michael Dreger, Peter Zisse, Влатко Ужевски, Petra Drexler, Јовица Андовски и Сашо Клековски, испраќајќи силна порака дека вложувањето во здравството е вложување во иднината.

Овие моменти нè потсетуваат дека зад секоја опрема стои една поголема приказна – приказна за грижа, поддршка и заедништво.

Благодарни сме што не сме сами во мисијата да обезбедиме подобри услови за нашите пациенти.

Во болницата денес имавме презентација од Carso Pharm, каде што се запознавме со Comboval и неговата примена во секојдне...
16/04/2026

Во болницата денес имавме презентација од Carso Pharm, каде што се запознавме со Comboval и неговата примена во секојдневната пракса.

Ваквите средби се секогаш добредојдени – малку нови информации, малку размена на искуства и многу мотивација да бидеме уште подобри во тоа што го работиме.

Фала до тимот на Carso Pharm за посетата и пријатната атмосфера!

Вчера зборувавме за нешта што навистина значат Со д-р Александар Ристески (психијатар од Клиниката за психијатрија – Ско...
15/04/2026

Вчера зборувавме за нешта што навистина значат

Со д-р Александар Ристески (психијатар од Клиниката за психијатрија – Скопје), заедно со учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, отворивме важни теми за депресијата и анксиозноста – искрено, човечки и без предрасуди.

Затоа што секој разговор е чекор поблиску до разбирање.

Ви посакуваме Велигден исполнет со топлина, љубов и спокој. Нека празникот донесе светлина во вашите домови и многу здра...
12/04/2026

Ви посакуваме Велигден исполнет со топлина, љубов и спокој. Нека празникот донесе светлина во вашите домови и многу здравје за вас и вашите најблиски.
Христос Воскресе! 🕊️

7 Април – Светски ден на здравјето го одбележавме во ЈЗУ Општа болница Велес на најубав начин – заедно.Во пријатна и поз...
08/04/2026

7 Април – Светски ден на здравјето го одбележавме во ЈЗУ Општа болница Велес на најубав начин – заедно.
Во пријатна и позитивна атмосфера, со нашите колеги, гости и пријатели, ја споделивме радоста од новите инвестиции и напредокот на болницата.
Чест ни беше присуството на заменик-министерот за здравство, заедно со бројни гости и пријатели на болницата, кои ја збогатија оваа убава прилика.
Ги претставивме новите апарати – во неврологија, радиологија и интерно, со што правиме уште еден чекор напред кон поквалитетна и побрза грижа за пациентите.
Највредно од сè беше тоа што бевме заедно – целиот наш тим, обединет околу една иста цел: здравјето на пациентите 🤍

Денес, по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, излеговме меѓу граѓаните со една едноставна, но важна цел – да пот...
07/04/2026

Денес, по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, излеговме меѓу граѓаните со една едноставна, но важна цел – да потсетиме колку значи грижата за себе.

Заедно со учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“ - Велес , направивме мерења на шеќер во крвта и крвен притисок, разговаравме, советувавме и поминавме време со луѓето кои застанаа да се проверат.

Со поддршка од д-р Анамарија Џунџева денот помина во убава атмосфера, со многу насмевки и искрени разговори.

❤️ Здравјето не е само бројка – туку внимание, навика и грижа што си ја даваме секој ден.

Фала ви на сите што застанавте, прашавте и се грижите за себе.

Address

Самоборска бб
Veles
1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Општа болница Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Општа болница Велес:

Shortcuts

Share

Category