Центар за стимулација, раст и развој „Старс“

  • Home
  • Macedonia
  • Veles
  • Центар за стимулација, раст и развој „Старс“

Центар за стимулација, раст и развој „Старс“ Прв приватен центар во регионот. Индивидуални дефектолошки, логопедски и неурофидбек третмани.

⭐️Успешно завршени логопедски третмани.⭐️Центар СТАРС - Велес.🥰 #центарстарс
28/07/2026

⭐️Успешно завршени логопедски третмани.⭐️
Центар СТАРС - Велес.🥰
#центарстарс

Развојот на комуникацијата започнува многу порано од појавата на првите зборови. Превербалната комуникација претставува ...
28/07/2026

Развојот на комуникацијата започнува многу порано од појавата на првите зборови. Превербалната комуникација претставува основа врз која се градат говорните, јазичните и социјалните вештини кај детето.
Доколку забележувате отстапувања или доцнење во развојот на овие вештини, навремената проценка и стручната поддршка се од големо значење.

#центарстарс

🧠 Кога станува збор за неурофидбек, постојат многу митови и недоумици. Затоа е важно да се потпираме на проверени информ...
18/07/2026

🧠 Кога станува збор за неурофидбек, постојат многу митови и недоумици. Затоа е важно да се потпираме на проверени информации. ✨

🗨️ Кој мит за неурофидбек сте го слушнале вие?

#центарстарс

Дали вашето дете често го повторува вашето прашање наместо да одговори на истото?Тоа може да биде ехолалија - повторувањ...
10/07/2026

Дали вашето дете често го повторува вашето прашање наместо да одговори на истото?

Тоа може да биде ехолалија - повторување на зборови, прашања или реченици што детето штотуку ги слушнало. За многу деца ехолалијата претставува начин на комуникација, особено кога сѐ уште не го разбираат целосно прашањето или пак не знаат како да го формулираат одговорот.

Целта не е детето да престане да повторува, туку постепено да го разбере прашањето и да научи самостојно да одговара. Кога ќе се подобри разбирањето на поставеното прашање, детето постепено почнува да дава соодветен одговор, а потребата за повторување се повеќе се намалува.

Ехолалијата не е „лоша навика “, туку често е фаза во која детето ја користи со цел да обработи информации и да комуницира.

#центарстарс

Пред детето да почне да пишува букви и зборови, потребно е да ги развие предвештините за пишување!Предвештините за пишув...
02/07/2026

Пред детето да почне да пишува букви и зборови, потребно е да ги развие предвештините за пишување!
Предвештините за пишување претставуваат основа за успешно совладување на ракописот. Тие се развиваат преку игра, движење и секојдневни активности, помагајќи им на децата да ја изградат силата, координацијата и контролата кои се неопходни за сигурно и самостојно пишување.

Клучни области на развој:

✨Сила и контрола на дланката и прстите

✨Визуелно-моторна координација

✨Стабилност и правилно држење на телото

✨Фина моторика

Кога овие основни вештини се поттикнуваат и развиваат навреме, пишувањето станува полесно, поефикасно и попријатно за детето.

Доколку забележувате дека вашето дете има потешкотии со фината моторика, држењето на моливот или пишувањето, контактирајте нè. Нашите терапевти ќе направат проценка и ќе ви понудат индивидуална поддршка и насоки за развој на вештините што му се потребни на вашето дете за полесно, посигурно и поуспешно пишување.

#центарстарс

Едно од најчестите прашања што ни го поставуваат родителите е: „Колку зборови треба да користи моето дете на одредена во...
29/06/2026

Едно од најчестите прашања што ни го поставуваат родителите е: „Колку зборови треба да користи моето дете на одредена возраст?“ И тоа е сосема разбирливо, бидејќи бројот на зборови е нешто што најлесно се забележува и најчесто се следи.

Особено кога детето има мал фонд на зборови, кога новите зборови ги усвојува побавно или кога имате чувство дека ве разбира, но малку зборува.

Но, важно е да знаете дека бројот на зборови е значаен, но не е единствениот показател што го следиме.

Покрај тоа колку зборови користи детето, важно е и:

✨ дали ги користи зборовите спонтано, а не само кога ќе биде прашано;
✨ дали постепено и лесно усвојува нови зборови;
✨ дали зборува само кога нешто бара или ги користи зборовите и за други комуникациски цели;
✨ дали со зборови покажува, споделува, коментира и воспоставува интеракција;
✨ дали се обидува да ве имитира и да повторува по вас;
✨ дали од месец во месец се забележува напредок.

Затоа, не е важно само колку зборови има детето, туку и како, кога и со која цел ги користи. Го проценуваме начинот на кој учи, комуницира и дали има желба да воспостави контакт и да сподели нешто со другите.

Доколку се прашувате дали вашето дете користи доволен број зборови, не сте единствени. Тоа е едно од најчестите прашања и грижи на родителите.

Запомнете, не го проценуваме само бројот на зборови, туку целокупниот јазичен и комуникациски развој на детето. Раното препознавање на евентуалните отстапувања и навремената стручна поддршка се од големо значење за понатамошниот развој.

#центарстарс

Не е доволно детето само да проговори - вистинската цел е да развие функционална комуникација и вештини кои ќе му овозмо...
22/06/2026

Не е доволно детето само да проговори - вистинската цел е да развие функционална комуникација и вештини кои ќе му овозможат успешно да се снаоѓа во секојдневниот живот.

Појавата на првите зборови е само почеток на развојниот процес. Следуваат разбирање, формирање сложени реченици, раскажување, следење инструкции, емоционална саморегулација, моторен развој и социјална интеракција.

Често тешкотиите не се забележуваат во домашната средина, но стануваат очигледни кога детето ќе започне да посетува градинка или училиште, каде што се очекува самостојност и активна комуникација.

Затоа, континуитетот во третманот е од суштинско значење. Нашата цел не е само детето да изговори први зборови, туку да го поддржиме во развојот на сите вештини потребни за негово успешно функционирање и максимално искористување на неговиот потенцијал. ✨

#центарстарс

21/06/2026

TOMATIS 💙

Секој мал чекор е голем успех.Дефектолошките третмани се клучни за поттикнување на развојот, комуникацијата и самостојно...
18/06/2026

Секој мал чекор е голем успех.
Дефектолошките третмани се клучни за поттикнување на развојот, комуникацијата и самостојноста кај децата, создавајќи цврста основа за иднината.✨
#центарстарс

Address

Mirka Gineva, 31
Veles
1400

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00

Telephone

+38975369900

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за стимулација, раст и развој „Старс“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Центар за стимулација, раст и развој „Старс“:

Shortcuts

Share