Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска

  • Home
  • Macedonia
  • Vinica
  • Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска

Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска Примена на Гешталт психотерапија во разрешување на одредени животни, емоционални и психички проблеми.

Во работата на психолошкото советувалиште вклучени се лиценцирани психолози и гешталт психотерапевти.
Во Психолошкото советувалиште „Аспекти-Исток“ можете да побарате помош за разрешување на следните емоционални проблеми:
- Напади на паника
- Социјална анксиозност (страв од јавен настап, недостаток на самодоверба и срамежливост во комуникацијата со другите)
- Генерализирана анксиозност (страв без некоја посебна причина, континуирана и претерана загриженост...)
- Соматоформни пореметувања (претерана грижа за сопственото здравје, страв од смрт.)
- Депресија
- Акутен и хроничен стрес
- Работа на сонови и проблеми поврзани со спиењето
- Проблеми со учењето(проблеми со концентрацијата, мотивацијата, недостаток на работни навики и вештини на учење. . )
- Проблеми во партнерските односи (претерана љубомора, посесивност, чувство на вина, сексуални дисфункции, отсуство на конструктивна комуникација помеѓу партнерите)
-Психосоматски проблеми - пореметување на физиолошката функција на одделни органи кои се резултат на одредени стресни фактори ( проблеми со спиењето, главоболки,болки во желудникот, вртоглавици, проблеми со дишните патишта, мускулна напнатост)

Во рамките на Психолошкото советувалиште Аспекти-Исток, можете да ги посетувате следните психоедукативни работилници:
- Тренинг релаксации (можност да научите како да се релаксирате и опуштите)
- Тренинг за развој на самодовербата (преку користење на одредени вежби, можност да работите на себе и да ја зголемите самодовербата и личното чувство за самопочитување)
- Анализа на личните потенцијали ( со користење на одредени гешталт техники можност за откривање и развој на скриените таленти и зголемување на самоефикасноста и остварување на поставените цели)

30/08/2026
13/07/2026

🌿 Кога велиме „ДА“ на другите, а „НЕ“ на себе...

Дали често ги ставаш потребите на другите пред своите?
Дали ти е тешко да кажеш „не“ без чувство на вина?
Дали чувствуваш дека секогаш мораш да бидеш достапен/на за сите?

Време е да застанеш и да си го поставиш прашањето:

Што се случува кога конечно ќе се ставиш себеси на прво место?

📍 Те покануваме на интерактивна работилница каде низ разговор, практични вежби и споделување ќе истражуваме:

🔹 Зошто ни е тешко да поставиме здрави граници
🔹 Како да ги препознаеме сопствените потреби
🔹 Како да кажеме „не“ без страв и чувство на вина
🔹 Како да изградиме поздрав и повнимателен однос кон себе

Работилницата ќе ја води м-р Радмила Манчевска, психолог, гешталт психотерапевт, тренер, обучувач и супервизор.

📅 15.07.2026 (среда)
🕡 18:30 часот
📍 Green Hub – Кочани

💚 Учеството е бесплатно, но бројот на места е ограничен.

👉 Пријавете се на следниот линк:
🔗 https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSekB-M91DJ7PSCrjdFcnk2PnHcvdFFT3dNC735Q2Ef0AaBZaQ/viewform?usp=preview

Очекуваме да бидете дел од безбеден простор каде нема правилни и погрешни одговори – само можност подобро да се запознаеш себеси и да научиш како да се грижиш за себе без чувство на вина.

Проектот „Патот кон зајакнувањето“ се реализира во рамките на регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за правда, доверба и зајакнување на Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

20/06/2026

📣 РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИ: „МАСКИТЕ ШТО ГИ НОСАМ“

Дали некогаш се чувствуваш како да мораш да бидеш „силен/на“, „добар/а“, „насмеан/а“ или „во ред“, дури и кога не се чувствуваш така?

Сите носиме маски. Некои ни помагаат да се вклопиме, некои нè штитат, а некои со време стануваат толку познати што забораваме што се крие зад нив.

🎭 Те покануваме на интерактивна работилница каде низ разговор, креативни вежби и споделување ќе истражуваме:

🔹 Како ги создаваме нашите маски?
🔹 Кој влијае врз нивното создавање?
🔹 Од што нè штитат?
🔹 Што се случува кога си дозволуваме да бидеме автентични?

Работилницата ќе ја води м-р Радмила Манчевска, психолог и гешталт психотерапевт.

🤍 Биди дел од безбеден простор каде нема правилни и погрешни одговори – само можност подобро да се запознаеш себеси и другите.

📅 23.06.2026 (вторник)
🕕 18:00 часот
📍 Green Hub Кочани

👥 Наменето за млади

📝 Пријавување:
👉 https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScaPT-pOBFtonyXO488grmZrmmRtnbqJ5bYBd0Jv9mz2p3D1w/viewform?usp=publish-editor

Бројот на места е ограничен, затоа пријави се навреме.

📍 Работилницата се реализира во рамки на проектот „Патот кон закрепнувањето“.

Оваа активност ја овозможува регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, којшто го финансира Европската Унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). #️⃣ #ПатКонЗакрепнувањето #РегионаленЦентарЗаМенталноЗдравје #Млади #Кочани

Успешно реализирана Гешталт работилница – „Летен Гешталт компакт“ на тема:„Во тишината преку Гешталт терапевтска перспек...
27/05/2026

Успешно реализирана Гешталт работилница – „Летен Гешталт компакт“ на тема:
„Во тишината преку Гешталт терапевтска перспектива“

Во текот на тридневната работа, учесниците од групите кои се во едукација во рамките на Програмата за едукација при Гешталт Центар „Младен Костиќ“ – Аспекти имаа можност подлабоко да ја истражуваат тишината како простор за свесност, контакт, присутност и личен увид.

Низ гешталт пристапот, тишината беше доживеана не како празнина, туку како можност за средба со себе, со другиот и со сопственото искуство во „овде и сега“.

Процесот беше дополнително збогатен со мирот и тишината на прекрасната природа во Крушево, која создаде автентичен простор за интроспекција, поврзување и личен раст.

Благодарност до сите учесници за довербата, присутноста и споделеното искуство. 🌿
- исток - Центар за креативен развој обука и психотерапија

💔 Зошто остануваме во врски што нè повредуваат?Како психолог и психотерапевт, често гледам дека останувањето во болна вр...
21/04/2026

💔 Зошто остануваме во врски што нè повредуваат?

Како психолог и психотерапевт, често гледам дека останувањето во болна врска не е прашање на слабост —туку на длабоко вградени емоционални обрасци.

Остануваме кога:
▪️ стравот од осаменост е посилен од болката
▪️ љубовта ја поврзуваме со трпење (научен модел од рани искуства)
▪️ се активира стравот од напуштање
▪️ вложувањето (емоционално, временско) ни создава чувство дека „мора да издржиме“, посебно кога тоа траело подолг временски период, тука често се појавува коментарот " Зарем толку години да ги фрлам залудно?"
▪️ се врзуваме за потенцијалот, наместо за реалноста

Во терапевтска работа, често се појавува една важна тема:
👉 познатото, дури и кога боли, може да се доживува како побезбедно од непознатото.
Овие врски неретко го активираат нашиот внатрешен систем на приврзаност —
особено ако во минатото љубовта била поврзана со несигурност, отфрлање или недостапност.
Затоа, не се работи само за „зошто не си заминал/а“, туку за тоа:

Што во тебе се активира кога помислуваш да си заминеш?

Обично не е само одлука —
туку цел внатрешен свет што се буди:

▪️ Страв од осаменост
„Ќе останам сам/а… никој нема да ме сака вака.“
▪️ Страв од напуштање (од минатото)
„Повторно ќе бидам оставен/а… како тогаш.“
▪️ Вина
„Можеби јас не се потрудив доволно…“
„Ќе го/ја повредам ако заминам.“
▪️ Сомнеж во себе
„Можеби претерувам… не е толку страшно…“
▪️ Надеж (врзана за потенцијалот)
„Ако издржам уште малку – ќе стане подобро.“
▪️ Навика и емоционална зависност
„Не знам како да функционирам без него/неа.“
▪️ Страв од непознатото
„Што ако надвор е уште полошо?“
▪️ Внатрешен критичар
„Не си доволно добар/а за подобра врска.“

✨ Овие реакции не се случајни.
Тие често се поврзани со нашите рани искуства, начинот на кој сме учеле што е љубови како да бидеме во однос со друг.

👉 Затоа прашањето не е само „дали да заминам“,туку:
дали сум подготвен/а да се соочам со тоа што ќе се појави во мене кога ќе го направам тој чекор?

Размислете: 💬 Која од овие мисли најмногу ве задржува?

Од гешталт перспектива, ова е покана за истражување и работа на себе за:
-зголемување на свесноста
-препознавање на сопствените потреби
-преземање одговорност за изборите што ги правиме денес.

Здравата врска не е онаа без конфликти,
туку онаа во која постои:
✔️ емоционална безбедност
✔️ почит
✔️ простор да бидеш тоа што си

👉 Понекогаш, најважниот чекор во терапевтскиот процес не е да ја „поправиме“ врската, туку личноста да се врати кон себе, да биде во контакт со сопствените потреби и автентичност.

💬 Прашање за размислување:
Што ти станува потешко да изгубиш – врската или себе?
@истакнато #психотерапија

Оваа благодарница ја примам со тивка почит и длабока тага во срцето. 😥🙏💔Во моменти кога зборовите не се доволни, останув...
20/04/2026

Оваа благодарница ја примам со тивка почит и длабока тага во срцето. 😥🙏💔
Во моменти кога зборовите не се доволни, останува човечката присутност — да се биде покрај повредените, покрај семејствата кои изгубија најмили, да се слушне болката што нема форма и да се сподели тишината што тежи.
Ова признание не го доживувам како лично достигнување, туку како потсетник на заедничката човечност, солидарноста и храброста што ја видов кај секој поединец погоден од трагедијата.
Со искрено сочувство кон сите семејства и со длабока почит кон нивната болка.🙏
Со благодарност што имав можност да бидам дел од процесот на поддршка.❤️❤️❤️

Кога комуникацијата боли повеќе од тишината ......Не се секогаш големите зборови тие што повредуваат.Понекогаш тоа се ма...
17/04/2026

Кога комуникацијата боли повеќе од тишината ......

Не се секогаш големите зборови тие што повредуваат.
Понекогаш тоа се малите, секојдневни реченици… кажани без намера, но доживеани со болка.
„Не претерувај.“
„Ти секогаш така реагираш.“
„Не е ништо страшно.“
Ова се микро-повреди во комуникацијата.
Тивки, суптилни, но доволни да создадат дистанца.

Од гешталт перспектива, контактот се нарушува не кога зборуваме – туку кога не сме присутни во тоа што го кажуваме и не го слушаме другиот.

👉Како несвесно повредуваме?
- Кога минимизираме нечие чувство
- Кога слушаме за да одговориме, а не за да разбереме
- Кога реагираме од своја рана, наместо од сегашниот момент
- Кога претпоставуваме, наместо да прашаме
И тогаш, наместо поврзаност – се создава тишина полна со недоразбирање.

👉Како да поправиме, а да не го продлабочиме конфликтот?

✔️ Застани пред да реагираш
✔️ Именувај го своето чувство: „Сега се чувствувам…“
✔️ Покажи интерес за другиот: „Како беше тоа за тебе?“
✔️ Преземи одговорност: „Жал ми е ако те повредив“

Поправката не бара совршени зборови.
Бара присутност, искреност и подготвеност да останеме во контакт.
Затоа што вистинската комуникација не е во тоа да бидеме во право – туку да останеме поврзани, дури и кога не се согласуваме.
#психотерапија

Address

Vinica

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска:

Shortcuts

Share