Optika Dioptrika M

Call Directions Contact the practice

Optika Dioptrika M Специјализирана продавница за наочари, брза компјутерска проверка на диоптер и очен притисок

Оптика Диоптрика М се наоѓа во центарот на градот Битола, во близина на локалот Безистен, наспроти Дрвеното мостче.
Во нашата оптика нудиме голем избор на диоптриски оквири кои одговараат на вашата физиономија, професија и активност во текот на целиот ваш ден. Од наша страна добивате професионални совети за кои оквири се идеални за вас според вашата диоптрија или кои оквири би биле совршен моден додаток во вашето секојдневие.
Тука се наоѓаат и сончевите оквири кои ги имаме за секој ваш стил и потреба од реномирани брендови кои преку разни групации стигаат во нашата оптика.
Големиот избор на диоптриски и сончеви рамки го имаме за било кој од вас, на било која возраст да бидете услужени и задоволни, така што за секој пакет наочари се добиваат гаранции за нашата изработка и за самите оквири кои ќе ги купете од нас.
Вршиме нарачка на контактни леќи кои можат да бидат подигнати од кај нас или доставени бесплатно до ваша адреса. Заедно со нив има и голем избор на течности за нивно одржување и чистење, вештачки солзи и ензими.
Секоја консултација, прашања можете да ги поставите во порака, или да се јавите на некој од нашите достапни броеви.

Со почит,
Оптика Диоптрика М

04/11/2026
Честит 4 Ноември, Битола 🤍Те сакаме и со зборови и со секој детал што го создаваме за да бидеш поубава. Градот што го са...
04/11/2026

Честит 4 Ноември, Битола 🤍
Те сакаме и со зборови и со секој детал што го создаваме за да бидеш поубава.

Градот што го сакаме почнува и од нашиот излог.

Од тоа како ќе ја обновиме старата куќа. Каква врата ќе отвориме кон улицата. Колку внимание ќе посветиме на деталите што утре ќе бидат дел од нечија секојдневна прошетка.

Кога го создававме новиот дом на Диоптрика, размислувавме и за тоа што ќе ѝ дадеме на Битола. Се сместивме во стара куќа, со желба да го зачуваме нејзиниот карактер и да внесеме во неа нов живот.

Со тим од одлични архитекти работевме на простор во кој духот на стара Битола ќе добие современ израз. Простор што ќе ѝ прилега на улицата, ќе го почитува нејзиниот изглед и ќе има свој, препознатлив потпис.

Веруваме дека секој бизнис може да придонесе за поубав град. Со промислено уреден простор, со негувана фасада, со чувство за местото на кое му припаѓа. Она што го создаваме за нашата работа станува и дел од погледот на сите што поминуваат.

Љубовта кон градот се гледа и во убаво уредениот простор, и во нашето однесување. Во добрите комшиски односи, во поздравот наутро, во грижата за тротоарот пред нашата врата. Во свеста дека сме дел од една улица и дека е важно како им е на луѓето со кои ја делиме.

Сакаме Битола да ни биде убава. И за гледање и за живеење. Затоа почнуваме од себе.

Со љубов кон градот,
Оптика Диоптрика 🤍

⭐️CAROLINA HERRERA | NEW COLLECTIONБезвременска елеганција, префинети детали и препознатлив луксуз.Новата колекција диоп...
03/11/2026

⭐️CAROLINA HERRERA | NEW COLLECTION

Безвременска елеганција, префинети детали и препознатлив луксуз.

Новата колекција диоптриски рамки Carolina Herrera е создадена за оние кои го носат стилот со самодоверба.

✨ Откријте ја во

ETRO | Нова димензија на елеганцијатаСо препознатлив италијански шарм, префинета естетика и внимание на секој детал, ETR...
02/11/2026

ETRO | Нова димензија на елеганцијата

Со препознатлив италијански шарм, префинета естетика и внимание на секој детал, ETRO носи нова перспектива на луксузот.

Откријте ја новата колекција диоптриски рамки, каде што модата, индивидуалноста и безвременската елеганција се спојуваат во совршена хармонија.

ETRO – сега во Оптика Диоптрика. ✨

Кога последен пат го проверивте диоптерот?Ако одговорот почнува со „мислам дека…“, еве мал потсетник да си закажете прег...
27/10/2026

Кога последен пат го проверивте диоптерот?

Ако одговорот почнува со „мислам дека…“, еве мал потсетник да си закажете преглед.

Во Диоптрика ќе одвоиме време за проверката, за вашите прашања и за советот што ви е потребен 👁️‍🗨️

Сонцето нема летно работно време. Еве денес е убав сончев есенски ден 🍁☀️Очилата за сонце остануваат со нас и со првото ...
20/10/2026

Сонцето нема летно работно време. Еве денес е убав сончев есенски ден 🍁☀️

Очилата за сонце остануваат со нас и со првото палто, на есенско кафе, зад волан, на прошетка…

365 дена во годината има место за добар пар.

Пробајте го вашиот во Диоптрика 👁️‍🗨️

Кога долго подготвувате еден простор, го знаете секој негов агол. На отворањето, едвај стигнавме да го погледнеме. Насек...
11/10/2026

Кога долго подготвувате еден простор, го знаете секој негов агол.
На отворањето, едвај стигнавме да го погледнеме. Насекаде некој драг.

Семејството, пријателите, соработниците, клиентите што се со нас со години. Се разгледуваше, се пробуваа очила, се наздравуваше.

Имаше и коктели осмислени за поводот од коктел екипата која дојде специјално од Охрид, а и прекрасни мали залчиња од Блинг кетеринг и многу причини да не се брза со заминувањето.

Ви благодариме за секое доаѓање, честитка и прегратка. Знаеме колку работа имаше до ова отворање. Со вас добивме можност и убаво да го прославиме.

Споделуваме дел од фотографиите од вечерта. А за да го видите просторот одблизу, повелете на „Никола Тесла“ бр. 4.

Вашата Диоптрика 👁️‍🗨️

Добрата оптика се познава и по луѓето.По знаењето, прецизноста и советот што ви го олеснува изборот. По вниманието со ко...
11/10/2026

Добрата оптика се познава и по луѓето.

По знаењето, прецизноста и советот што ви го олеснува изборот. По вниманието со кое ве пречекуваат и кога првпат влегувате и кога се враќате.

Ова е нашиот мал, но исклучителен тим.
Луѓето што стојат зад секојдневната работа на Диоптрика и 👁️‍🗨️ довербата што ја градиме со вас.

Во новиот простор продолжуваме како што веруваме дека треба. Со време, со посветеност, со знаење и со искреност.

Се гледаме на „Никола Тесла“ бр. 4.

♥️
10/10/2026

♥️

Јас сум Мариа. На оваа фотографија сум во просторот што долго го замислував.Знаев како сакам да се чувствувате кога ќе в...
09/10/2026

Јас сум Мариа.

На оваа фотографија сум во просторот што долго го замислував.

Знаев како сакам да се чувствувате кога ќе влезете. Да ви биде пријатно. Да имаме време да разговараме, да пробате, да прашате.

Да ги најдеме очилата во кои ќе се препознаете…

Сонував Диоптрика 👁️‍🗨️ да има свој дом, а јас во него да продолжам да го работам она што отсекогаш сум го сакала.

Моето семејство знае колку ми значи овој момент. Ги делеше со мене и плановите и грижите, ме поддржуваше и веруваше во мене. Затоа оваа радост е и нивна. Ви благодарам што бевте покрај мене на секој чекор.

Покрај себе имам и неверојатно добар, исклучителен тим. За нив наскоро ќе ви раскажам посебно, заслужуваат посебен пост.

А вам, кои со години ѝ ја давате довербата на Диоптрика, ви благодарам што сте дел од нејзиното растење.

На отворањето, меѓу сите поздрави и прегратки, се обидував за миг да застанам и да запомнам како изгледа сето ова. Својот простор полн со драги луѓе.

Ви благодарам што се радувавте со мене.

Од ❤️ Ваша Мариа

Address

Nikola Tesla Br. 4
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 16:00

Telephone

047614493

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Optika Dioptrika M posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Optika Dioptrika M:

Share

Category