Ph.D. AnaChuchkova

Ph.D. AnaChuchkova Psychologist
Educational Psychology
Social psychology

21/06/2026

Неделен #колаж
Пред да станам ваква, поминав низ многу битки.
Се обидував да исправам многу работи на многу различни полиња. На оние што оговараа им објаснував зошто човекот што го осудуваат е токму таков каков што е.
Во училиштето каде што учеа моите деца се обидував да се спротивставам на неправдите – на оние што секојдневно ги оцрнуваа наставниците, на дискриминацијата и на оние што по часовите трчаа по штабови наместо по вредности.
На работа одбивав да припаѓам на табори. Се трудев да бидам објективна и секогаш ме вознемируваа луѓето што свесно создаваа заплети и поделби.
Со работ на окото фаќав кратки, речиси невидливи слики од нешта што ретко кој ги забележуваше. Токму тоа ми создаде проблем. Со текот на времето, отворав фронтови на премногу места, обидувајќи се да исправам „криви Дрини“.
На крајот останав скршена. Ми се наруши здравјето и завршив во болница.
Во животот ме вратија само моите две деца. Никој друг. Апсолутно никој.
И денес, гледајќи од дистанца, за жал, за многу работи излегов во право.
Но, исто така, сфатив уште нешто. Општествената одговорност кај нас многу често не носи промена, туку ти создава дополнителни товари. Особено ако си мајка.
Имам чувство дека на мајките на овие простори им е најтешко да воспитуваат деца. Не затоа што не знаат, туку затоа што е невозможно сама да се бориш против сè.
Ако си одлучил да останеш тука, често ти се чини дека мораш да ја свиткаш кичмата. Во спротивно, не само што ќе добиеш спондилоза, туку полека ќе почнеш да одиш против себе – против своите убедувања и против моралот што некогаш си го учел како дете.
Но, можеби не треба постојано да се бориме против времето, туку да научиме да го разбираме.
Денес не ручаме во три часот како порано и тоа не значи дека сме лоши родители.
Денес помладите не нè поздравуваат на начинот на кој сме навикнале и тоа не значи дека немаат морал.
Тоа можеби само значи дека живеат во еден сосема поинаков свет, кој ние сè уште се обидуваме да го разбереме.
И така натаму...
Денес прочитав можеби сто содржини што лесно би можеле повторно да го разбудат она мое старо јас – она што сака да поправа, да реагира и да отвора нови битки. Убиства, ѓубре, насилство, судството, онкологија... Што ли не прочитав.
Но денес не искоментирав ништо.
И денот ми беше убав.
Мојот тинејџер, без да му кажам, сам си ја исчистил собата и пуштил перална. Помалиот син трипати ме праша, додека пазарувавме, дали ми треба помош.
Поради тоа денес е убав ден.
Лесно е човек да тргне по патот на депресијата, затоа што таа често се опишува како агресија свртена кон себе. Но не. Нема повеќе да коментирам за сè што се случува и нема повеќе да отворам нови фронтови.
Денес ќе си го живеам денот, а не целиот живот одеднаш.
А има и една мала анегдота.
Денес, по грешка, во продавница за чевли облеков туѓа патика. Се изнасмеав сама на себе и ѝ се извинив на жената, бидејќи случајно имавме исти патики.
Анегдотата е уште поинтересна ако се земе предвид дека пред само неколку месеци креирав психолошка вежба за групна работа со наслов „Туѓи чевли“.
Суштината на вежбата не беше да го видиме светот низ очите на другиот, туку да се запрашаме што правиме со чевлите што секојдневно некој ни ги става пред нас. Дали ќе ги наредиме, ќе ги облечеме, ќе ги носиме како свои или ќе одлучиме да ги тргнеме настрана.
Можеби денешната случајност само ме потсети на истото прашање.
Не секој пар чевли што ќе се најде пред нас е наша обврска да го облечеме.
А денес, денес беше убав ден.

11/06/2026

❣️

"Мене ми се допаѓа „Метод КОЛАЖ“ затоа што не е само за пишување, туку за составување на распрснати делови од животот во нова целина. Тоа е повеќе од техника на пишување – тоа е начин човекот повторно да ја состави својата приказна"

30  јуни во 18:00часот во Скопје Последни за оваа сезона : 2 работилници : "КОЛАЖ - мала и голема Траума" и "МОТИВ куќа ...
08/06/2026

30 јуни во 18:00часот во Скопје
Последни за оваа сезона :
2 работилници : "КОЛАЖ - мала и голема Траума" и "МОТИВ куќа "
Цените се прилагодени за студенти и невработени а местата се ограничени .
Пријавивањеро е до 16 јуни .
Се гледаме пријатели ❣️

08/06/2026

Добро утро ,❣️

Стар даб го прашал младото дрво:
- „Зошто толку се плашиш од ветерот?“
Младото дрво одговорило:
- „Затоа што секој налет ме витка и мислам дека ќе се скршам.“
Стариот даб се насмевнал:
- „Не те обликуваат деновите кога е мирно.

Те обликуваат деновите кога мислиш дека нема да издржиш, а сепак остануваш исправен.“

05/06/2026

„Не сме составени од години. Составени сме од неколку моменти што одбиле да нè напуштат.“

Address

Kosturski Heroi 42
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ph.D. AnaChuchkova posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Ph.D. AnaChuchkova:

Share

Category