02/07/2026
ℹ️ Почитувани пациенти,
Ве известуваме дека од 01.07.2026 година стапија на сила измени во Листата на лекови кои се препишуваат на товар на Фондот за здравствено осигурување.
Во следниот период е можно да има подолго време на чекање за специјалистички прегледи и потврдување на дијагнози, како и одредени административни доцнења при издавање рецепти. Ве молиме за разбирање и трпение додека се усогласува работата со новите критериуми.
🔹 Лекот Пантопразол повеќе нема да се препишува на товар на ФЗО за:
* хроничен гастритис;
* превентивна заштита на желудникот при терапија со други лекови.
Во овие случаи лекот ќе се препишува со приватен рецепт.
✅ На товар на ФЗО Пантопразол ќе може да се препишува само за следните индикации:
* гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ);
* улкус (чир) на желудник;
* улкус на дуоденум;
* ерадикациона терапија за Helicobacter pylori.
За ГЕРБ, улкус на желудник и улкус на дуоденум, потребна е дијагноза потврдена со гастроскопија, согласно критериумите на ФЗО.
🔹 Еутирокс ќе може да се препишува само со важечка препорака од специјалист ендокринолог, согласно критериумите на ФЗО.
Ве молиме навремено да ја обновувате препораката за непречено продолжување на терапијата.
🟢 Ривароксабан е вклучен на позитивната листа на лекови и ќе може да се препишува на товар на ФЗО согласно пропишаните индикации и критериуми.
За сите дополнителни информации и прашања, обратете се кај вашиот матичен лекар.
Ви благодариме за довербата и разбирањето!
ПЗУ Промедикал